Јужна Африка: 32 тима и 40,000 проститутки за ФИФА Светското првенство 2010?

Ако одите во Јужна Африка да го гледате ФИФА Светското Првенство 2010, треба да бидете подготвени да сретнете 40,000 проститутки од целиот свет кои се очекува да се соберат во Јужна Африка…но, само ако верувате во гласини!

Улична уметност во Кејп Таун, Јужна Африка од candinski на Flickr (2005)

Статија која ја има на веб-страницата Хиндустан Тајмс вели,

Верувале или не, најмалку 40K (40,000) проститутки од целиот свет се на пат кон Јужна Африка надевајќи се да се збогатат од фановите на фудбалот на Светското првенство кое почнува наредниот месец.

Савиоус Квиника од Неханд радио пишува за сексуалните работнички од Зимбабве кои се селат во Јужна Африка:

Како што се ближи Светското првенство 2010, сексуалните работнички од Зимбабве ја напуштаат нивната земја за позелените пасишта во Јужна Африка, предизвикувајќи човековите права и црковните групи ширум светот да се повикаат на мерки за запирање на трговијата со луѓе и проституцијата. Но, економското ветување дадено од пристигнувањето на околу 500,000 странски фанови на СП веќе ги привлекува осиромашените работнички.

Некаде во постот се појавува магичната појава :

Настанот не е непознат за сексуалната трговија. СП 2006 во Германија, каде борделите и проституцијата се легализирани, донесе дополнителен прилив на проценети 40,000 сексуални работнички – плус голем број критики од страна на групите за правата на луѓето. Централната Drug Central Authority на Јужна Африка исто така предвиде дека за СП 2010 во Јоханесбург ќе дојдат 40,000 сексуални работнички , иако агенцијата не гледа причина за ваквата појава.

Друга слична приказна (со уште една магична појава – милијарда кондоми!) вели, „Светско првенство Јужна Африка: Милијарда кондоми и 40,000 сексуални работнички“

Дискутабилно, фудбалското СП е за секс индустријата она што сезоната на празници е за продавниците за слатки. Привремен бран на возбудени луѓе кои заедно се чувствуваат празнично се желни да платат за да си угодат малку повеќе .

Drug Central Authority проценува дека 40,000 секс работнички ќе дојдат за настанот дури од Русија, Конго и Нигерија за да го снабдат спектарот од вкусови на околу 400,000 (повеќето мажи) посетители со нивните фудбалски потреби.

Брет Дејвидсон, блогер и независен медиумски советник , ги одвојува фактите од фикцијата. Очигледно, бројката (40,000 проститутки) е тотална измислица. Тоа е лага:

Бев збунет и вознемирен од постојаното повторување во нашите медиуми дека 40,000 ‘проститутки’ се подготвени да бидат продадени во Јужна Африка пред да почне СП.

Оваа бројка постојано се повторува (и во еден момент, едно видео против трговијата со луѓе во кое учествуваа јужноафрикански сапунски ѕвезди , го зголеми бројот на 100 000). Ова е тотална измислица , без никакви основни факти и без никакви расположливи докази.

Брет вели дека измислените бројки биле исто така спомнувани на последното СП во Германија:

Потполно истите барања беа поставени пред да почне СП во Германија — но потоа, истражувањето од страна на Советот на Европската Унија (документи 5006/1/07 и 5008/7) пронајде вкупно 5 случаи на трговија со луѓе — да, само 5.

Овие измислени бројки се удвојуваа на неколку години, ни беше кажано:

Онлајн публикацијата Спајкд привлече внимание кон ова уште во февруари 2007. Оваа недела, Спајкд повторно ја проверува актуелната циркулација на ваквите бесмислени приказни . Фасцинирачки, авторот Брендан О'Нил, забележува како имагинарните бројки се удвојувале на неколку години — почнувајќи со 10 000 секс робови за ОИ во Австралија, потоа 20 000 во Атина во 2004, 40 000 во Германија во 2006 и во Јужна Африка (80 000, кој вели?).

Но чекајте…од каде доаѓаат ваквите измислици?:

Значи од каде доаѓаат ваквите измислици? Па, да видиме што точно рекол Дејвид Бајевер, заменик претседателот на CDA. Како што известија IOL, Бајевер не дава доказ за ваквата појава и укажува на тоа дека ова се заснова на недокажани информации, информации од втора рака. Тој вели дека CDA биле предупредени од Општината Дурбан за можноста од огромни приливи: „Некој ја извести Општината Дурбан” вели тој, „Беа преплавени од тоа”. Значи — не е CDA која ги објавува ваквите измислици, ниту пак Општината Дурбан. Тоа е нешто што некој го начул па го пренел. Но сега кога Бајевер ги спомна 40 000, во следните извештаи одеднаш властите на CDA се оние кои се именувани како изворот на ваквите измислици.

Што е уште поинтересно, гласините шпекулираат дека овие жени се веројатно увезени од Источна Европа. Сега со сигурност секој новинар и секој читател со половина мозок би можел да ја сфати ваквата бесмислица. Со оглед на цените на секс услугите на улиците во Хилброу, како трговците ќе профитираат, кога треба да плаќаат големи трошоци за скришно да увезат илјадници жени од Источна Европа?

Неговиот заклучок:

Огромен товар е за секој од нас кој има пристап до прецизните и ригорозни истражувања, да се осигура дека пораката се добива јасно и ефективно, така што јавната политика нема да биде повредена од дезинформации.

Во случајот на сексуалната работа, неоснованата хистерија во врска со трговијата на луѓе го свртува вниманието од вистинскиот проблем — потребата да се осигураме дека човековите права, здравјето и безбедноста на сексуалните работнички во Јужна Африка, а и секако во нашите соседни земји, се почитувани и заштитени.

Chandré Gould се обраќа за истиот проблем во неговата статија постирана на TheAfrica.Org насловена како „Трговијата со луѓе и Светското Првенство: Колку голема е заканата?“:

Пред Светското првенство во Германија во 2006 постоеја слични стравови дека трговијата со луѓе масивно ќе се зголеми за време на настанот и дека ќе има навала од барања на фановите за платен секс. Истите грижи се појавија пред ОИ во Атина. Навистина, како што видовме во Јужна Африка, медиумските извештаи во Германија во 2006 тврдеа дека очекуваат пораст од 40,000 проститутки, од кои голем процент требале да бидат продадени.

Да, истрагата на Меѓународната организација за миграции кратко по настанот во 2006 увиде дека не постоело зголемување на трговијата со луѓе за време на СП и дека процените на 40,000 секс работнички биле „неприкосновени” и „нереални”. Навистина, извештајот (од септември 2006) заклучува дека не постојат веродостојни податоци за поврзување на трговијата со луѓе [за сексуална експлоатација] со големите настани. Слично на тоа, ниту МОМ ниту грчката полиција не забележале случаи на трговија со луѓе или сексуална експлоатација за време на ОИ. И навистина, четирите жртви на трговија со луѓе кои МОМ ги придружуваше во Грција во 2004 не се случија за време на спортскиот настан.

Постојат причини зошто не постои пораст на трговијата со луѓе/проституцијата за време на изминатите спортски настани:

Имаше неколку причини понудени во извештајот на МОМ за тоа зошто не постои пораст на трговијата со луѓе за време на едномесечното СП во Германија. Од една страна, НГО и полициските експерти кои беа интервјуирани тврдеа дека превземените мерки, вклучувајќи го и сознанието за создавањето кампањи и засилувањата на законот за време на настанот можно е да ја одиграле улогата во спречувањето на трговијата со луѓе. Од друга страна, побарувачката за сексуални услуги беше многу пониска од очекуваното. Ова беше објаснето со фактот дека фановите обично одат на светското првенство заедно со своите семејства и со тоа се намалува можноста мажите да бараат сексуални услуги. Покрај тоа, повеќето фанови патуваат со ограничен буџет, па немаат екстра пари за плаќање секс. Исто така беше наведено дека поради краткотрајноста на СП постоеле мали шанси трговците да можат да си ја вратат инвестицијата која ја направиле, со оглед на трошоците кои се потребни за носењето жртви преку границите и нивното чување во заробеништво. А што во врска со милионите кондоми? Блогерите сè уште не го дискутирале ова.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.