· април, 2012

Написи за Виблог од април, 2012

Уганда: Пародијата „Yes We Kony!“

Оваа статија е дел од нашата специјална репортажа Кони 2012. Кампањата на социјалните мрежи создадена со цел да го поддржи апсењето на угандскиот лидер на герилците и прогонуван воен злосторник Џозеф Кони, тргна во нова насока. Во една блог објава наречена „#Кони2012 е Пародија“, Шон Џејкобс зборува за пародиските видеа за актуелната кампања...

Тунис: Читателите на книги на улица!

По неделите проследени со демонстрации во Тунис, беше најавен и нов настан, наречен „L'avenue ta9ra“ или „Авенијата чита“. Планот е Тунижаните да ги донесат своите книги на авенијата Хабиб Бургиба, најпрометната сообраќајница во главниот град и да учествуваат во колективното читање. Најавата за настанот на Фејсбук гласи: Et si on envahissait...

Мексико: Земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја потресе земјата

  24 април 2012

На 20 март 2012, околу пладне јужните и централните делови од Мексико ги потресе земјотрес. Земјотресот беше почувствуван поинтензивно во државите Оаксака, Гереро, Морелос и Мексико Сити. Според Мексиканската национална сеизмолошка служба (@SimsologicoMx) земјотресот ги имал следниве карактеристики: Земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала на 29 км јужно од...

Јужна Кореја: Трите главни ТВ станици протестираат против пристрасното известување

  20 април 2012

По еден од очајните обиди на најголемата телевизиска мрежа во Јужна Кореја да го симне од позиција својот директор заради пристрасно известување и обвинувања за корупција, на протестот се приклучија и останатите две главни ТВ станици, кои со здружени сили се спротивставија на сопствените раководства поради наклонетост кон Владата, како...

САД: „Јас сум Трајвон Мартин“

  12 април 2012

На 26 февруари 2012 година, Џорџ Зимерман, доброволец за надгледување на соседството од Санфорд, Флорида, САД, го застрела и усмрти 17 годишниот Трајвон Мартин додека излегувал од продавница со купените слатки. Џорџ Зимерман и призна на полицијата дека го застрелал Трајвон во пределот на градите. Според полициската снимка од телефонскиот разговор објавена минатиот...

Египет: Правото за развод на жените дебатирано во парламентот

Претставата на новиот египетски парламент продолжува да предизвикува дебати на социјалните медиуми. Новиот парламент се сметаше за чекор напред кон демократија. Меѓутоа, парламентот продолжува да дискутира за проблеми кои не се важни за најналожувачките потреби на земјата – како што е барањето за забрана на веб-страниците со порнографска содржина.  Имаше уште...

Србија: Медиумската војна против Анџелина Џоли

Не толку одамна, Анџелина Џоли беше „повеќе загрижена“ за тоа како е прифатено нејзиното прво режисерско издание – филмот „Во земјата на крв и мед“, во Босна и Србија, отколку во САД. Долго време ги очекуваше реакциите од локалната публика, која таа ја преслика во нејзината воена драма, а некои...

Словачка: Корупција, парламентарни избори и враќање на Социјалдемократската партија

Победата од 10ти март на словачките парламентарни избори не е прва победа за СМЕР – Социјалдемократската партија. Порано комунист, а сега социјалдемократ, лидерот на партијата Роберт Фико веќе по трет пат победува на изборите. Во 2006 година, СМЕР освои 29.1 % од народното гласање (50 од вкупно 150 пратенички места). Меѓутоа, за да...

САД: Солидарност против цензурирање на латино-американската литература

  10 април 2012

Укинувањето на мексиканско-американските студии и цензурата на многубројните книги во училиштата во Тусон, Аризона предизвика национална поддршка кои завземаа форма на разни протести, продажби на книги, групи за читање и презентации меѓу другите дејства. Исто така, цензурата на книгите предизвика многу плодни дебати во Њујорк и ширум САД. Како примери...

Куба: Црна пролет, девет години подоцна

  9 април 2012

Кубанската Црна пролет е термин кој се користи за строгите владини мерки против дисидентите во 2003 година. Оваа година се одбележува девет годишнината. Седумдесет и пет луѓе беа затворени во акцијата под обвинение дека се агенти на САД. Сите политички затвореници фатени за време на Црната пролет беа ослободени, почнувајќи...