Колумбија: Ден без автомобили во Меделин

На 22 април, градот Меделин го прослави денот без автомобили, иницијатива одобрена од Советот на општината со договорот бр. 21 од 2008 година. Овој настан ја рефлектира идејата за грижа на околината и прославување на денот на Земјата.

На блогот Movilidad al Día [шпански], на почетокот се пишува дека овој настан освен во Меделин, треба да се прослави и во многу градови во светот. На блогот исто така се пишува за целите кои Советот на општината ги поставил и за нивно остварување:

Este acuerdo municipal (21 de 2008 del Concejo de Medellín) se propuso los siguientes objetivos: disminuir en los niveles de contaminación ambiental producida por ruido y gases contaminantes emitidos por vehículos automotores; reducir el índice de accidentalidad vial en la ciudad; contribuir con el mejoramiento de la movilidad del transporte público; sensibilizar a la ciudadanía sobre la problemática asociada con el reducido uso del transporte público; promover alternativas de desplazamiento particular y masivo menos traumáticas para el ambiente; generar pedagogía social en torno a la protección del medio ambiente, el uso adecuado de los recursos naturales, la seguridad vial y la salud, como obligaciones fundamentales de corresponsabilidad ciudadana.

Овој договор на Советот на општината ги има следниве цели: да го намали нивото на загадување на околината преку емитување на штетни гасови од возилата, да го намали бројот на сообраќајни несреќи, да придонесе кон поголема мобилност на јавниот транспорт, да ја подигне свеста за проблеми поврзани со употребата на јавниот транспорт, да ја промовира безбедноста на улиците и здравјето, како фундаментални обврски на граѓаните.

Според E-Verde [шпански], блог за околината, овогодинешниот настан се проширил и во други општини надвор од околината на Меделин, вклучувајќи ги Енвигадо, Бело и Итагуи.

Во блогот En Journalism 999 [шпански], Хајди Јоана Тамајо Ортиз пишува за предностите и недостатоците на настанот Ден без автомобили:

Настанот имаше влијание на паркиралиштата:

“En un día normal, aquí se hace aproximadamente un millón de pesos; hoy, se han hecho máximo 40 mil pesos”, dice Luis Alfonso Ríos Villa, empleado del Parqueadero Nuevo Centro La Alpujarra.

„Во нормален ден, ние заработуваме околу 1,000,000 песози ($500), но денес заработивме најмногу 40,000 песози,“ вели Луис Алфонсо Риос Вила, вработен во новиот паркинг центар Ла Алпујара.

Слика од празна улица во Меделин од e-verde и употребена под Криејтив комонс лиценца

Што е со ефектот кој овој настан го имаше врз возачите на јавниот превоз?

Pese a lo que se pensaba, para los conductores de buses y colectivos el trabajo no tuvo variaciones significativas; de hecho, algunos piensan que el día laboral estuvo más malo que en otras ocasiones.

Без разлика на се, за нас, возачите на автобуси и колективен транспорт, немаше некои специфични промени; всушност, некои мислат дека за време на работните денови е дури полошо

Влијанието врз такси возачите:

Los taxistas fueron, tal vez, unos de los más beneficiados durante el día. Según cifras proporcionadas por Marta Suárez, subsecretaria de Transportes y Tránsito, la empresa Tax Individual reportó que recibieron llamadas de 13.800 usuarios pidiendo un servicio, mientras que en un día normal, solo se reciben siete mil. Las otras empresas reportan datos similares.

Таксистите беа, можеби оние кои имаа најголем бенефит од овој настан во текот на денот. Според статистиката на Марта Суарез, под-секретар на агенцијата за транспорт, такси компанијата Taxi Individual пријавила дека добила 13,800 повици за време на настанот, додека за време на нормалните денови добивала по 7,000 повици. Сите други слични такси служби имаат бројки слични на овие.

Како организациите за транспорт гледаа на овој настан:

“En términos generales, la mayoría de la gente acató la medida. Sin embargo, faltaron unos cuantos. Las personas a las que se les aplicó comparendo pedagógico dicen que no tenían conocimiento de la medida, pero me parece raro, ya que esto fue muy difundido en los medios de comunicación,” dice Rosenberg Ríos Aguirre, supervisor del tránsito de Medellín.

„Генерално, мнозина од луѓето земаа значаен дел во настанот. Секако, имаше и некои кои не беа дел од него. Имаше и некои кои велеа дека не знаат за настанот и не се запознаени со него, но тоа беше чудно, бидејќи настанот го раширивме низ медиумите” вели Розенберг Риос Агире, надгледувач на транспортот во Меделин.

Имаше и луѓе кои не ги следеа прописите во текот на денот:

Aquellas personas que no se acogieron a la medida deben asistir a una capacitación pedagógica, cuyo tema será el medio ambiente. En unos quince días se habilitarán seis locaciones para que se dicten las charlas. Quienes no asistan serán sancionados con multas económicas.

Тие луѓе кои не ги следеа прописите ќе следат настава во образовен центар каде темата ќе биде поврзана со околината. За 15 дена на 6 локации ќе бидат поставени луѓе кои ќе ја одржуваат наставата. Оние кои нема да присуствуваат ќе бидат парично казнети.

Твитер корисникот Tips El Colombiano (@tips9333) напиша за тоа како овој ден го помина едно обично семејство (преку слики):

Esta familia fue más allá en el día sin carro: papá y mamá llevaron a caballo a los hijos para el colegio.http://yfrog.com/11e23mmj

Оваа фамилија многу серизоно го сфати настанот: мајката и таткото ги однесоа своите деца на улчилиште на коњ. http://yfrog.com/11e23mmj

За крај, Хуан Давид Ескобар на блогот Reticente [пшански], ги споделува своите размислувања за настанот „Ден без автомобили во Меделин“

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.