· декември, 2015

Написи за Виблог од декември, 2015

Жалната состојба на индиската железница

  30 декември 2015

Индиски железници е еден од најголемите железнички системи во светот, со преку 23 милиони патници во Индија кои користат над 12,000 возови кои поминуваат низ повеќе од 7,112 постојки. Патувањата со Индиски железници се познати по тоа што се романтични и уникатни — но тоа не е секогаш така. Само прашајте ги луѓето кои секојдневно ги користат:...

Модерните бразилски робовладетели не сакаат нивните имиња да се објавуваат на Интернет

Адвокс  30 декември 2015

Бразилската озогласена „црна листа на робовладетели“ ги идентификува компаниите кои се фатени како ги експлоатираат работниците со техники блиски на робовладетелството. Оформена во 2003 од бразилското Министерство за труд и вработување, листата во многу наврати содржела компании чии сопственици се познати бразилски политичари и бизнисмени. Како надополнување на официјалната листа која ја објавува...

Основни граѓански права суспендирани на Малдиви откако државата прогласи кризна состојба за наредните 30 дена

  30 декември 2015

На 4 ноември околу пладне по малдивско време (07:00 GMT), владата на оваа малечка островска држава објави 30 дневна кризна состојба, наведувајќи ги како причина националната безбедност и безбедноста на народот. Објавата беше пуштена кратко по откривањето на неколку импровизирани експлозивни направи и оружја од страна на безбедносните сили на различни локации во главниот град Мали....

Австралијанката Мишел Пејн стана првата жена џокеј која го освоила Мелбурн купот

  28 декември 2015

Мишел Пејн пишува историја како првата жена џокеј која го освојувањето престижниот Мелбурн куп. Нејзиниот коњ, Принцот од Пензанце, бил аутсајдер со однос 100 на 1. Каде беше ти кога жена за првпат го освои Мелбурн купот? Добро сторено Мишел Пејн. Ова е историско #MelbCup — Бен Фридландер (@BennyB11) 3 ноември, 2015 Каде беше ти кога...

Пет факти за мексиканскиот Día de Los Muertos (Ден на мртвите)

  28 декември 2015

Низ САД луѓето го одбележуваат 2 ноември како Ден на мртвите (Día de los Muertos), мексиканска прослава во чест на луѓето кои починале и која прави да размислуваме за смртта на поинаков начин. Исклучителната естетика на оваа традиција — декорирани черепи, цвеќиња, комплицирани олтари — ги заведоа Американците, станувајќи еден од најпопуларните костими за...

Хаштагот #РатитеМораДаПаднат во Јужна Африка се замени со #РатитеПаднаа. Но дали навистина се намалија?

  28 декември 2015

Непосредно по протестите низ целата држава под мотото #РатитеМораДаПаднат кои ги „замрзнаа“ универзитетите ширум Јужна Африка, претседателот Џејкоб Зума се состана со студентските лидери во петокот, 23 октомври, и изјави дека ратите нема да се зголемат. Тој исто така вети дека ќе обрне внимание и на пошироките фактори кои влијаат на студентите како што се студентското...

Со поништување на пресудата на основниот суд, Врховниот суд на Малдивите спаси осудена прељубничка од каменување

  25 декември 2015

Врховниот суд на Малдивите реагираше брзо во враќањето на пресудата на еден од островските судови со која жена прељубничка беше осудена на смрт. Жената била осудена да биде каменувана. Според Врховниот суд, пресудата на основниот суд ја повредила „судската и законска процедура која треба да се следи во такви случаи“. Република Малдиви е...

Нова мобилна апликација Ноема сака да ја долови ‘недоволно употребената’ моќ на човековиот глас

  25 декември 2015

Асад Џамал Малик, 19 годишен Пакистанец, и Ларс Лаихтер од Чешка создадоа апликација за оперативниот систем на Епл која ќе им овозможи на корисниците да споделуваат интересни мисли, идеи и приказни во едноминутни аудио снимки. Модераторите на апликацијата дневно ќе ги одбираат најинтересните снимки, оние кои поттикнуваат на размислување, и ќе создаваат контролиран канал на мисли за...

Како социјалните медиуми ја одржуваат кинеската љубов кон пластичната хирургија

  24 декември 2015

За нешто помалку од две декади, пластичната хирургија во Кина зема огромен замав. Медицинската процедура се трансформираше во производ за потрошувачите, благодарение на мноштвото огласи кои проповедаат стандардизирана азиска убавина и маркетинг стратегии на социјалните мрежи кои градат заедници кои ги „поддржуваат“ жените во нивната одлука да го променат нивното лице, а со...