
Албумот Doolittle (1989) од Пиксис
Следствено на големата меѓународна критика и осуда на судирот на Израел со активистите кои имаа намера да ја прекршат блокадата на Газа, Пиксис ветеранската рок-група, го откажаа нивниот концерт во Израел. Ова е врв од откажувањата на настапите на Kлаксонс, Горилаз Саунд Систем како и Eлвис Костело. Како и да е, веста за откажувањето на Пиксис ја вознемири Tвитосферата и многумина мислеа дека има голема поврзаност меѓу политиката и музиката.
Пиксис не ја кажаа точната причина за откажувањето во последен момент. Шуки Вајс, промотерот на бендот во Тел Авив, ја објави оваа изјава:
בצער רב אנו מודיעים היום על החלטת הפיקסיז לבטל הופעתם בישראל
Ова предизвика измешани реакции и донесе многу за и против, како и анти-израелско чувство за претходното.
Имаше вакви, како @ismpalestine, кои им се заблагодарија на Пиксис што не поддржуваат држава со апартхејд:
Други, како @SMaher85, им аплаудираа на Пиксис за поддршката на правдата и промовирање на мирот:
Од израелските фанови на Пиксис, имаше силни, агресивни реакции со користење на текстовите од бендот за да нагласат. @Dachniella праша :
кај ви е умот, Пиксис? зошто мешате уметност и политика??? #pixiessuck
Mногу фанови, како @OrTheDude, го обвинија бендот за слабо разбирање на политичката ситуација во Израел:
@photomiky додаде :
Пиксис малку ги разбираат потребите на израелската безбедност. #pixiessuck
Но, немаше само реакции на Твитер. Станицата на фанови на Пиксис на Фејсбук беше бомбардирана од коментари на обожавателите за откажувањето. Додека пишувам, имаше 242 коментари, најмногу како одговор на одлуката на бендот да не свири во Тел Авив. Овие коментари ни даваат интересен поглед за конфликтот кој е постар од Пиксис и далеку помрачен од што можат да бидат нивните текстови.
Некои, како Рики Коен, го обвинуваат бендот како анти-семитски, терористички соработници:
Лицемерие, лицемерие и одвратност. Ќе престанете ли да трчате по земји како Америка, Англија и други кои се борат во Ирак? Вие сте соработници на анти-семитски терорист.
Но на страницата на Фејсбук, имаше и коментари како оној на Памела Хардимент која ракоплеска на одлуката на Пиксис:
ВЕ САКАМ, ФАЛА ШТО ГО ИЗБЕГНУВАТЕ ЃУБРЕТО НА ЗЕМЈАТА ВО ИЗРАЕЛ.
Eлтон Џон и Род Стјуарт се уште се на распоредот за настап во Израел, летово. Сепак, има притисок врз уметниците да размислат и да откажат. На Твитер, @bataleh пишува:
Друг Твитер корисник, @DANALTWEETS, исто така, ги охрабрува уметниците да не настапуваат во Израел :