· септември, 2009

Написи за Виблог од септември, 2009

Израел: Изведбата на Леонард Коен предизвика френетични критики

  30 септември 2009

Кантавторот Леонард Коен го посети Израел оваа седмица, со распродаден концерт, изведувајќи пред толпа од 47,000 обожаватели. Израелските блогери, кои беа среќни да присуствуваат, дадоа френетични критики. За време на неговиот престој, Коен го претстави и своето наследство, инаугурирајќи го Фондот за помирување, толеранција и мир, фондација посветена на промовирање...

Јапонија: Нема да ги заборавиме Хирошима и Нагасаки

  30 септември 2009

Пред 64 години, на 6-ти и 9-ти август, беа фрлени атомски бомби врз Хирошима и Нагасаки од страна на силите на САД. Загинаа над 200 000 луѓе и секоја година по настанот се одржуваат церемонии за да се паметат жртвите и за човештвото да се потсети на ужасите што ги...

Global Voices + Конверзација за подобар свет

Нов блог спонзориран од Популацискиот фонд на Обединетите нации (UNFPA) наречен Конерзации за подобар свет ги задолжи блогерите од Глобал Воисес да му помогнат да започне онлајн конверзација за популацијата и развојот низ светот

Филипини: Најлошите поплави во последните 40 години

  29 септември 2009

Повеќе од 50 лица загинаа откако тропската бура Ондои (меѓународно име: Кетсана) ја погоди Метро Манила и соседните провинции. Бурата ги предизвика најлошите поплави во државата во последните 40 години раселувајќи 280,000 луѓе во Манила и пет други провинции, со повеќе од 41,000 лица во 92 центри за евакуација. Додека...

Иран: Зелен бес против Ахмадинеџад во Њујорк

  29 септември 2009

Демонстрантите против иранската влада и прекршувањето на човековите права во Иран го одржаа своето ветување и протестираа против иранскиот претседател, Maхмуд Ахмадинеџад во Њујорк, за време на неговото обраќање на Генералното собрание на Обединети нации, во средата на 23 септември. Демонстрантите дојдоа од четирите страни на светот вклучително и Торонто,...

САД: Судири со полицијата во Питсбург на самитот на групата Г-20

  28 септември 2009

Анти-капиталистички, анти-воени групи, анархисти, групи за заштита на околината и загрижени граѓани се собраа во Питсбург, во четвртокот на 24 септември за да протестираат против негативните ефекти од глобалниот корпоративен капитализам за време на одржувањето на самитот на светските лидери од групата Г-20. Протестант уапсен во Питсбург. Криејтив комонс фотографија...

САД: Аџилак во дивината

  28 септември 2009

На 24 август, двајца млади љубители на пешачење, 19 годишен Американец и 21 годишен Кинез, беа пронајдени изгубени кај Стампид Трејл, во близина на Фербанкс, Алјаска. Полицајците што ги откриле изјавиле дека тие биле облечени во урбани алишта и дека носеле малку храна со себе. Ова не е прв пат...

Видео натпревар: Граѓански амбасадори за 64-от ден на ОН

  28 септември 2009

Што би им рекле на светските лидери ако ви се укаже прилика? Кажете им го, преку видео кое трае помалку од три минути, она за што верувате дека треба да се стори за да се направи светот подобро и побезбедно место за живеење, со шанса да добиете посета на седиштето...

Иран: Анимации наспроти диктатура

Голем број на дизајни, постери, песни и филмови се создадени од страна на иранските граѓани, како и од странци од целиот свет, во знак на поддршка на иранското протестантско „зелено“ движење, насочено против резулатите од претседателскиот избори од 12 јуни. И аниматорите имаат објавено војна на диктатурата во Иран. Зелени...

Среден Исток и Северна Африка: Благодарност за „Khawater“ од Јапонија

Телевизиските гледачи низ целиот арапски свет можеа да уживаат овој Рамазан во емитувањето на една  специјална програма за Јапонија. За својата петта сезона, Khawater (Мисли) ја посети Јапонија, каде што еден млад саудиски проповедник, Ахмед aл Шугери, им ја објаснуваше на арапските и муслиманските гледачи приказната за успехот на Јапонците....