Global Voices Advocacyсо задоволство ви го претставува новото издание од Водичите за 2.0 застапување: SEO совети за блогери за застапување: Како да оптимизирате за пребарувачите за да го зголемите бројот на читатели и да влијаете врз повеќе луѓе. Водичот е напишан од, The Sudanese Thinker, автор за Global Voices, консултант за интернет маркетинг и онлајн бизнис, со иницијален фокус на SEO.
Целта на овој водич е да објасни што е оптимизација за пребарувачи, важноста од истата и како блогерите за застапување може да ја користат за да ја зголемат посетеноста и читаноста на нивните блогови и да влијаат врз мислењето на оние кои ги користат пребарувачите. „Овој водич не треба да биде сфатен како сефкупен пристап за оптимизација за пребарувачи. Тој е напишан на многу упростен начин за секој да може да го следи лесно и да има корист од него.“ :
Безброј блогери за застапување од целиот свет, секој ден блогираат од срце, бидејќи сакаат да бидат слушнати и да создадат позитивна промена. Меѓутоа, реалноста е дека за многумина од нас, тоа може да биде фрустрирачко искуство.
Сепак, голем дел од индивидуалните блогови имаат многу мал број на посети.
Вие пишувате и објавувате, но многу малку луѓе читаат што вие имате да кажете.
Многу малку луѓе коментираат.
Добрата вест е дека ситуацијата не мора да биде толку демотивирачка за блогерите кои го поминуваат овој процес.
Во оваа ситуација ќе ви помогне овој водич. Неговата цел е да објасни што е оптимизација за пребарувачи , нејзината важност и како блогерите за застапување може да ја користат за да:
1. Го зголемат бројот на посети и читатели
2. Влијаат на мислењата на оние кои ги користат пребарувачитеЗначи, ако сте блогер за застапување или сакате да бидете, спремете се, бидејќи
со овој водич ќе научите неколку поедноставени трикови за оптимизација за
пребарувачите.
Содржина на водичот:
- Вовед
- Значи, што е SEO?
- Чекор #1 – Одредете ги темите на вашиот блог за SEO
- Чекор #2 – Истражување и селекција на клучни зборови
- Чекор #3 – Користење клучни зборови на вашиот блог
- Чекор #4 – Линкови до вашиот блог од други сајтови
- Финални забелешки
Преземете го водичот „SEO совети за блогери за застапување“.
3 коментари