· март, 2008

Написи за Виблог од март, 2008

Тринидад и Тобаго: Лаптоп инцидент

Неодамна, лидерот на опозицијата на Тринидад и Тобаго беше суспендиран од парламентот поради користење лаптоп без дозвола. За овој настан пишуваа само неколку блогери. Компјутерското општество на Тринидад и Тобаго објави детална збирка од мејнстим медиумски приказни за овој настан, а како што се очекуваше Особено таинствениот блог на Басдео...

Кина: Видео блогер помогна дете работник да се врати во училиште

  29 март 2008

Ху Алун, средновечен видео блогер алудирајќи на фразата „вистината е моќ“, издаде серија вознемирувачки видеа на Ku6.com, популарен веб сајт во Кина за споделување на видеа. Преку постојано опфаќање во 3 епизоди, Алан прикажа трогателна приказна за три деца копачи на јаглен во Биџи, мал град во југот. Преку ефективно...

Парагвај: Кандидатите користат блогови за да ги придобијат гласачите

Претседателските избори во Парагвај ќе се одржат на 20 април, 2008 г. Многумина од претседателските кандидати ги користат блоговите како начин за комуникација со потенцијалните гласачи додека ги пренесуваат своите размислувања за одредена тема или додека ја претставуваат програмата што ќе ја спроведуваат доколку бидат избрани. Овие блогови се пишуваат и објавуваат во еден од најтиражните весници на Парагвај - Дијарио АБЦ.

Колумбија: Натпревар создава мултимедијални граѓани новинари

Натпревар во Колумбија отворен за секој, без разлика на националноста, кој се состои од креирање, пишување и прикажување на содржина со која се запознава светот со особено важни места во Колумбија. Блогерите и видео блогерите веќе поставуваат содржини, а во овој текст се опфатени натписи за регионите Чоко и Антиоквиа

Куба: Блокирање на блогерите

Сакате да ја натерате кубанската блогосфера да пишува? Забранете го пристапот до популарен блог. Откако кубанските власти оваа недела го направија токму тоа на неколку неподдржувачки блогови, наклонети на Хавана, блогерската дијаспора комплетно ги поддржа кубанските блогери – особено Јоани Санчез и нејзиниот популарен блог Генерација Y, кој според овој...

Аргентина: Веб претприемачи во „Долината Палермо“

Твитер беше една од најозборуваните алатки во 2007 и со негово користење се создаваа заедници околу кратките пораки или микроблогирањето. Многумина брзо ја увидоа неговата корисност или неговиот “модерен” статус. И покрај сево ова, Твитер и понатаму се користи од се повеќе корисници и со илјадници пораки на ден. Во една таква заедница, се родила идејата за креирање на мрежа од аргентински веб претприемачи. Сантиаго Сири коментира дека би било интересно да се соберат сите заедно, бидејќи многу веб 2.0 иницијативи во Аргентина најчесто се случуваат надвор од Палермо, еден од најтрадиционалните квартови на Буенос Аирес.

Јапонија: Американскиот пеjач на енка предизвикува возбуди

  24 март 2008

Џеро, првиот пејач на енка роден во Америка, стана тема на муабет во јапонската блогосфера минатата недела откако го објави својот деби-синг „Умјуки (Океански снег)“. Синглот го освои четвртото место на топ-листата на Орикон, со што постави рекорд и за жанрот енка и за топ-10 листите во однос на деби...

Светскиот ден на водата жубори низ видеозаписите

Откако се одржа Конференцијата на ОН за животна средина и развој во Рио де Жанеиро на 22 март 1992 г., тој ден секоја година се одбележува како Светски ден на водата. Освен тоа, Обединетите нации ја прогласија оваа година за Меѓународна година на чистотата и луѓето од целиот свет започнаа...

Јордан: Затвор за пет јордански новинари

Пет јордански новинари беа осудени на три месеци затвор, во два посебни случаи, поради кршење на законот во нивната земја. Јорданските блогери се изјаснуваат против овој последен напад на слободата на изразувањето.

Шри Ланка: Сеќавања на Артур Кларк

Смртта на Артур Кларк (1917 – 2008) поттикна многу луѓе, од ентузијастички љубители на научна фантастика, до оние кои знаеле за него, да блогираат свои впечатоци. Од краток поглед, до случаен разговор, многу блогери од Шри Ланка споделуваат пријатни сеќавања за Кларк, кој го сметаат за визионер и футурист. Британскиот...