Вработени 30 лица во Грција, благодарение на еден хаштаг на Твитер

Graffiti in Greek reads, "I don't hope anything, I am not afraid of anything, I am unemployed."

Графитот на грчки вели, „На ништо не се надевам, од ништо не се плашам, без работа сум“, со што се парафразира една позната изрека на грчки автор. Слика на SpirosK photography преку Фликр. CC BY-NC-ND 2.0

Во време кога невработеноста во Грција достигна неверојатни 27 проценти, еден хаштаг на Твитер им помогна на триесетина луѓе во земјата да најдат работа.

#aggeliesergasias (jobadverts) беше креиран од страна на корисникот @dimitrischrid на почетокот на октомври, со цел да им помогне на корисниците на социјалните медиуми да ги споделуваат информациите за работни места во Грција и во странство. На 11 декември, хаштагот цели 11 часа беше популарна тема на Твитер во Грција, благодарение на неговата употреба од страна на корисниците како и порталите за вработување, чија посетеност е голема.

Знаете ли дека во средата, 11 декември  #aggeliesergasias , 11 часа беше популарна тема на Твитер во Грција? http://t.co/HE05KfTGEB #trndnl — Τάσεις στην Ελλάδα (@trendinaliaGR) 12 декември, 2013

Се претвори во симбол на солидарност на интернет, наспроти проблемот во земјата со невработеноста којашто е во пораст. Неколку грчки медиуми ја окарактеризираа иницијативата како едноставна, досетлива и ефективна. На блогот Keep Talking Greece (Грција, продолжи да зборуваш), наменет за споделување на приказни на Грци кои се погодени од кризата, беше напишано:

За само неколку дена, се случи неверојатно нешто: корисниците на Твитер почнаа да објавуваат понуди за работа за кои знаеја или за кои чуле, додека пак оние што бараа работа, ги објавуваа своите барања. Благодарение на ретвитовите и додавањето во омилени, брзо се зголеми успехот на овој модерен начин преку социјалните медиуми, да се види понуда за работа во Атина или Ксанти, во Лондон или Превеза, на Крит или во Женева.

@dimitrischrid, од кого произлезе оваа идеја, на веб-страницата за вести Protagon го објасни досегашниот ефект на овој хаштаг: 

Μέχρι τώρα, που είναι ακόμα πολύ νωρίς και πολλοί δεν γνωρίζουν προς το παρόν αυτόν τον τρόπο εύρεσης εργασίας, μου έχουν στείλει περίπου 30 άτομα μήνυμα που μου είπαν ότι προσλήφθηκαν και θέλησαν να με ευχαριστήσουν για το καλό που τους έκανα. […] Ο καθένας από εμάς μπορεί να φτιάξει ένα hashtag, δεν υπάρχει τρόπος να πληρωθείς ποτέ την επιτυχία του, αλλά η ηθική ανταμοιβή που παίρνω καθημερινά, αξίζει όλα τα λεφτά του κόσμου».

Досега, а сè уште е многу рано и многумина не се запознаени со овој начин на барање работа, околу триесетина лица ми испратија пораки, велејќи дека нашле работа и дека сакаат да ми заблагодарат за тоа […] Секој од нас може да направи хаштаг, нема да добиете пари доколку истиот е успешен, но етичкото признание што секојдневно го добивам, вреди повеќе од сите пари на светов.

Напорот исто така се проишири и на Фејсбук.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.