37 милиони ученици во Бангладеш ја започнуваат новата година со бесплатни учебници

A Student rises up a textbook during the "Textbook Festival Day" program organized by Education Ministry at capital's Government Laboratory School. Image by Firoz Ahmed. Copyright Demotix (2/1/2014)

Ученик го крева учебникот за време на фестивалот „Ден на учебници“ организиран од страна на Министерството за образование во владино училиште во главниот град. Слика на Firoz Ahmed. Авторски права (2/1/2014)

На 2 јануари 2014 година, над 37 милиони ученици во Бангладеш добија скоро 300 милиони бесплатни учебници од Владата, како дел од „Денот на учебници“, со што поставија нов светски рекорд во дистрибуција на бесплатни учебници, според изјавата на министерот за образование, Нурул Ислам Нахид.

Една од целите на овој фестивал, што се одржува од 2011 година, е борбата против неписменоста во земјата. Според УНЕСКО, околу 80 проценти од младите луѓе во Бангладеш се неписмени.

Последниве неколку години, во земјата е постигнат значителен напредок во сферата на образованието. Стапката на запишани деца во основно училиште достигна скоро 100 проценти, постигната е еднаквост меѓу момчињата и девојчињата кои посетуваат настава, а обезбедени се и бесплатни учебници за сите. Во 1991, стапката на запишани ученици беше само 61 процент. Во 2011, се искачи на 98,2 проценти, за во 2012 да достигне 99,47 проценти. Стапката на девојчиња запишани во основите училишта, се зголеми од 32 на 51 процент додека пак во вишото средно образование, стапката на вкупниот број на ученици, од 18 се зголеми на 54 проценти.

Во учебната 2014 година, вкупно беа доделени 299.675.938 учебници, на 37.336.672 ученици во основното, (ученици кои полагаат Ebtedayee – вид на испит), вишото средно образование, (ученици кои полагаат Dakhil – вид на испит) и во средните стручни училишта. Новите учебници исто така може да се преземат бесплатно или пак да се читаат на интернет, на владината веб-страница за електронски книги и на веб-страницата на National Curriculum and Textbook Board (NCTB).

Блогерот и едукаторот Mасум Билах на веб-страницата Articles on Education of Bangladesh (Написи за образованието во Бангладеш) забележа уште една придобивка од бесплатните учебници:

Доделувањето бесплатни учебници на сите ученици од основните училишта значително придонесува кон намалување на бројот на ученици кои го напуштаат училиштето.

Неколку медиуми објавија слики од среќните лица на учениците за време на доделувањето на учебниците.

Филмската продуцентка Рошан Ара Нипа на Фејсбук се присети на своите спомени од училишните денови, кога беа потребни најмалку неколку месеци пред да добијат нова книга за учебната година:

গত ৫ বছর ধরে জানুয়ারীর ১ তাং এলেই সব বিদ্যালয় গুলিতে এক অসাধারন আনন্দ উৎসব আমাকে সুখকর এক ঈর্ষায় ফেলে দেয় , আহ্হারে আমি যদি ওদের বয়সী হতাম তবে তো আমিও আজ এই আনন্দের ভাগীধার হতাম! তবে আনন্দ যে একেবারে হয়না তা ঠিক নয়, বছরের শুরুর এই দিনে এক সাথে এত কচি কাচার হাসি মুখ এর চেয়ে বড় কোন শুভেচ্ছা আর আছে কি?

খুব মনে আছে এই তো ৫ বছর আগেই কোন ছাত্র-ছাত্রী নতুন বই কবে পাবে তার কোন ঠিক ঠাক সময় ছিলনা, বছরের ৩ মাস পেরিয়ে গেলেও নতন বই এর দেখা পাওয়া বড় সৌভাগ্য বলে গন্য হোত অথবা ২/১ টা নতুন বই আর পুরোনো বই মিলে একটা সেট বানানোর প্রান পন চেষ্টা করা হোত । আমার মা- বাবা দুজনেই প্রাথমিক বিদ্যালয়ের শিক্ষক ছিলেন। নতুন বই তো দুরের কথা ফেব্রুয়ারী-মার্চ পর্যন্ত কোন বই ছাত্রদের হাতে নাই এ নিয়ে দুশ্চিন্তার অন্ত ছিলনা…

1 јануари беше ден за веселба, на што позитивно завидувам. Да бев како нив, ќе бев дел од прославувањата. Но, преубаво е да се видат сите тие среќни детски лица.

Се сеќавам, пред пет години, немаше никаква гаранција кога учениците ќе добијат книги. Беше чиста среќа ако некој по три месеци добиеше книга или две од целиот комплет учебници. Моите родители предаваа во основно училиште. Секогаш беа загрижени за тоа како до февруари или март да продолжат со предавање на наставниот материјал без книги.

Сандипан Басу ја исмева целата ситуација:

এখনকার পোলাপাইনগুলা অভাগা। আমাদের কালে আমরা বই না পাওয়ার অজুহাতে পুরা জানুয়ারি স্কুলে যাইতাম না। আর পোলাপাইনে এখন বছরের প্রথমদিনই বই পাইয়া যায়। ক্যামনে কি !!

Денешниве деца немаат среќа. Ние можевме цел јануари да не одиме на училиште, бидејќи ги немавме новите учебници. Сега новите учебници ги добиваат на почетокот на учебната година. Како ли е само возможно тоа? 

Students rise up textbooks during the "Textbook Festival Day" program organized by Education Ministry at capital's Government Laboratory School. Image by Firoz Ahmed. Copyright Demotix (2/1/2014)

Учениците го прославуваат „Денот на учебниците“ во владино училиште во главниот град. Фотографија на Фироз Ахмед. Авторски права Demotix (2/1/2014)

И покрај проблемите што ги има, Бангладеш оди напред. Еден таков пример е доделувањето на учебниците на вториот ден во годината. Блогерот Aриф Јебтик напиша:

যাঁরা ভাবে বাংলাদেশ এগুচ্ছে না, তাঁরা আমাদের বাংলাদেশ দেখেনি। আমি জানি এই দেশ কীভাবে কতটুকু আগাচ্ছে। [..]

আজ বই হাতে পাওয়া প্রিয় প্রজন্ম, তোমরা সুখে থাকো। তোমাদের যখন পিছু ফিরে দেখার সুযোগ হবে, সেই বয়েসে তোমরা যে বাংলাদেশে দাঁড়িয়ে থাকবে, সেই সুন্দর বাংলাদেশের কথা ভেবে আমি মাঝে মাঝেই তোমাদের ঈর্ষা করি…

Оние кои мислат дека Бангладеш не напредува, не го знаат Бангладеш. Но јас знам дека чекори напред [..]

Бидете среќни што новата генерација навреме ги добива учебниците. Кога еден ден ќе се свртите назад, како јас, ќе го имате проживеано оној Бангладеш во напредок, на што навистина ви завидувам. 

Политичкото насилство е дел од животот на многу луѓе во Бангладеш, вклучувајќи ги и децата. Борецот и активистот за слобода Аку Чаудури напиша:

ова е тој Бангладеш што би сакале да го видиме…среќни деца со нови книги во потрага по знаење… а не деца со пушки в рака кои учат како еден човек да го направат сито и решето…. сакаме демократско општество без насилство кое чекори напред во духот на ослободителната борба… сакаме луѓе на власт кои ќе останат доследни на своите ветувања..луѓе на власт кои ќе бидат пример…. сакаме политичари кои со тоа што се на власт, гледаат како да му служат на народот, а не како да си служат себеси, со цел да се збогатат…… Џои Мануш (Да живее човештвото!)

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.