Инвазија на странски зборови во традиционалниот јапонски јазик

71 годишен маж го тужи јапонскиот јавен сервис NHK за душевната болка што му ја има нанесено преку нивната прекумерна употреба на странски зборови. Тој е буквално изгубен во преводот, во својата родена земја.

Image of katakana by flickr user mroach. (CC BY SA.2.0)

Слика на катакана од корисникот на фликр mroach.(CC BY SA.2.0)

Старецот го нервира употребата на заемки од страна на телевизијата, коишто фонетски се идентични со странските поими, но се транскрибираат на јапонската азбука катакана. За него тоа се само еден куп букви без никаков контекст на мајчиниот јапонски јазик.

Eве на пример, во следниве фонетски заемки: “preview” (во превод значи „преглед“ и се изговара „привју“), на катакана се пишува “プレビュー” (што се изговара purebyu), “draft” (нацрт/план), на катакана се пишува “ドラフト” (се изговара dorafuto). Она што старецот смета дека е бесмислено, е употребата на зборови како „грижа“ и „ризик“ во јавните емисии, коишто веќе имаат свои еквиваленти на јапонски. Тој смета дека известувачот му го прекршува правото на пристап до информации и правото на тоа да биде среќен.

Употребата на странски зборови не е проблем само за постарите лица, туку и за пошироката јавност. Јапонската агенција за културолошки прашања забележува дека зачестената употреба на странски зборови ја нарушува убавината на традиционалниот јапонски јазик, и ја попречува комуникацијата меѓу младата и постарата популација. Во едно владино истражување од 2007 за заемките, помалку од 10 % од испитаниците знаеја што на катакана значат зборовите „овластување“ и „писменост“, но севкупното познавање на заемките беше во пораст. Земајќи ја предвид прекумерната употреба на странски зборови во секојдневната комуникација, во септемви 2012, Кентаро Таканаши објави книга каде што објаснува што навистина на прост јапонски значи често употребуваната катакана.

image of katakana

Како со помош на катакана се опишуваат странските зборови на јапонски. Сликата е од корисникот на фликр WordRidden (CC BY 2.0)

Новинарот Тошинао Сасаки, којшто напиша книга за опстојувањето во време на социјалните медиуми, се двоумеше за тоа дали со помош на катакана да ја објасни суштината на својата книга:

@sasakitoshinao キュレーションとかも美しい日本語にはできなかったので、カタカナのままだった。変に大和言葉にすると、たとえば「ホホエミスト」とかなんか気持ち悪い感じになっちゃったりするし。ことばは本当難しい。

Не можев да го најдам соодветниот превод на „опстојување“ на јапонски, па го оставив како што е. Јазикот е тежок. Преведувањето на странски концепти на јапонски знае да биде чудно понекогаш.

Антропологот Ичиро Нумазаки го сподели своето мислење на Твитер:

@Ichy_Numa サッカーを蹴球と言えと言う人が今時いるか? サポーターじゃなくて応援団か? ワールドカップは分かりにくいから世界杯と言うべきか? カタカナ語批判は、実はカタカナが嫌なんじゃなくて、そのカタカナ語の示す新しい概念が嫌いなんだよ。それをカタカナのせいにしてるだけ。

Кој денес би кажал shukyu [стар збор за фудбалска топка] со цел да го објасни фудбалот? Дали е подобро да престанеме да го користиме зборот „поддржувачи“ [на катакана] и наместо тоа, да ги викаме „応援団” [традиционален збор за пријател што навива]? Не би рекол. Критичарите на странски зборови во катакана, ја мразат употребата на нови зборови при опис на нови концепти. Не ја мразат самата катакана.

Порано кога се воведуваа странски зборови во Јапонија, истите се преведуваа буквално, со помош на веќе постоечките зборови на канџи (кинески знаци) и хирагана (јапонски знаци) кои соодветствуваа на нивното значење. Зборови како „слобода“ и „демократија“, воведени кон крајот на 19 век, на јапонски беа преведени со помош на канџи па се добија зборовите „自由“[ja] и „民主主義“. Иако во тоа време овие зборови беа нови, истите имаа смисла за многу Јапонци, бидејќи секој знак на канџи си има свое значење, и заедно формираат збор којшто има смисла.

Поетот Кавацу, смета дека со употребата на странски зборови на катакана, се намалил фондот на зборови коишто тој ги знае:

@kiyoekawazu カタカナ表記された外来語、漢語による概念語を、未消化なまま発語されつづけていることによって生まれる、「自明性」は怖い。明治初期にはまだ意味にもとづく漢語表現が工夫されたが、現在ではただカタカナで流していく。そしてぼんやりと生まれる「自明」的な意味が、世の中を鈍く支配していく。

Me плаши тоа колку се очигледни нештата, пренесени преку употребата на заемки како што е случајот со вестерн зборовите опишани на катакана или пак кинеските концептуални зборови, пренесени со јапонските знаци канџи. За време на владеењето на Меиџи [1868-1912], значењата се преведуваа на канџи, но сега се користи само катакана. Постепено, нејасните значења навлегуваат во јавноста, со што очигледните нешта стануваат двосмислени.

Ичиро Нумазаки ја гледа позитивната страна на заемките:

@Ichy_Numa セクハラやDVは、カタカナ語やアルファベットだけど、世間に注目されたし、意味が連想しにくいからこそ、新しい概念の記号として有効だったぞ。

Со заемките се воведоа некои странски концепти, како што се „сексуална злоупотреба“ и „СН“ односно „семејно насилство“. Заемките го привлекоа вниманието на јавноста, бидејќи катакана и нејзините знаци се покажаа како доста ефикасни при пренесувањето нови идеи. Луѓето мора да ја разберат суштината, како би ја разбрале катакана или пак азбуката.

Еден друг корисник на Tвитер @sumiyoshi_49 искоментира дека со странските зборови, секојдневите теми стануваат туѓи за обичниот народ.

@sumiyoshi_49 みんなネタにしているけど、「ノーマライゼーション」とか「ヘイトスピーチ」とかいう、普通の英語苦手日本人にはイメージのつかみにくいカタカナ語を使い続けることで、どれだけ一般の素人をこういう問題に対する興味・関心から遠ざけているのかについて、もう少し真面目に考えたほうがいいと思う。

Мислам дека сериозно треба да размислиме за употребата на поими како што се „нормализирање“ и „говор на омраза“ [и двата термини се фонетски објаснети на катакана како заемки], бидејќи овие зборови на катакана го оддалечуваат обичниот Јапонец, не дозволувајќи тој да се заинтересира за темите коишто ги претставуваат овие зборови. Јапонците кои не го владеат англискиот јазик, нема да ги сфатат идеите зад овие поими на катакана.

Овој напис е преведен со помош на Tакаши Охта, а уреден од страна на Сахар Хабиб Гази

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.