Во време кога војната во земјата влегува во четвртата година и со повеќе од 100.000 жртви и милиони луѓе раселени во соседните земји барајќи засолниште, христијаните во Сирија тивко го слават Божиќ.
Како што се вели во овој извештај на Ал Џезеира, со засолништето дојдоа и вкочанувачка зима и молитва за повраток:
Оваа година, Сирија беше сведок на огромен пустош, смрт и стравотна бројка на киднапирања, нешто што ги остави најголемиот дел од луѓето без надеж. Оваа безнадежност може да се види и во делата на уметниците кои, напати, во само едно уметничко дело, подобро отколку со милиони зборови, го изразуваат јадот на нацијата.
Прикажување на Дедо Мраз во сириските цртежи
Настојувајќи да ги прикаже киднапирањата во Сирија, Џавад го насликал Дедо Мраз во парталава облека како клечи на коленици со пиштол вперен во неговата глава:
На еден друг цртеж на Анас Саламех, телото на Дедо Мраз се изнесува од бегалскиот камп за Палестинци „Ал Јармук“ во Сирија:Дедо Мраз може исто така да се види облеан во солзи бидејќи неговите подароци пристигнале предоцна за измачените деца на Сирија:
Овде, ожалостен седи покрај нивните гробови: Празничен дух: Ѕвончиња, новогодишни елки и украсиЕдна сатира која свирејќи ја божиќната мелодија на Jingle Bills повикува на слобода и отстранување на Башар ал Асад од власт. Авторот, познат како Могвли Мовгли (Mogwli Mowgli), умрел додека бил измачуван:
Анвар ал Еиса црта метафорички украс потопен во крв како виси во фрижидер, со тоа опишувајќи ги грозно-студените услови низ кои многу Сиријци поминуваат овој Божиќ:
Честит Божиќ и убави желби од Башар!#Syria pic.twitter.com/ZC3wuM0lp7
— رهام (@Rehambo) 24-ти декември 2013
Додека Хани Абас ја прави (елката) од бегалски шатори:
Алепскиот уметник Мохамед Алвајс пишува „Честит Божиќ“ со снегулки направени од минофрлачки гранати и проектили, суптилно коментирајќи ги 100-те буриња-бомби кои изминатата седмица беа детонирани во Алепо: Сепак, со темнината никнува и искра надеж и верба во подобро утре. Гледајте како сирискиот режисер Ејад Алџарод ги снима децата од Саракеб, муслиманите и христијаните, како го слават Божиќ и ги споделуваат нивните соништа: