Разни групи Џихадисти, уште од почетокот на граѓанската војна во Сирија пред две и пол години, се обидуваат да привлечат млади луѓе кон нивните војски. Континуираното објавување на снимки од масакри во последниов период се докажа како моќна алатка за мобилизирање на илјадници ултраконзервативци кои се приклучија кон овие групи, а Саудиска Арабија е една од главните земји од каде што овие Џихадистички борци доаѓаат.

Моат по пристигнувањето во Сирија. via @twit_rima
Минатата недела, една интересна приказна за Моат ал Хамили, шеснаесетгодишник кој дошол во Сирија за да им се придружи на овие групи, привлече особено внимание во рамките на саудиската твитер-заедница. Моат е син на Рима ал Џуриш, позната по нејзината многу активна улога при спротивставувањето на неоснованото притворање на нејзиниот сопруг, Абдула ал Хамили, кој што пак бил подложен на казна затвор од 10 години без судска пресуда. Судијата всушност издал налог за негово ослободување, но тој останал затворен. Уште во февруари, пред да бидат уапсени и притворени со недели, ал Џуриш беше една од жените кои учествуваа во еден многу познат јавен протест со седење. Куќата на нејзиното семејство беше под опсада, а на нејзините деца им беше забрането да контактираат со други луѓе. Моат исто така бил уапсен кога побарал ослободување на неговата мајка.
Ал Џуриш во средата твиташе:
#نفير_معاذ_الهاملي الحمدالله الذي بنعمته تتم الصالحات ابشركم بوصول ابني معاذ لشام اسأل الله لناوله الثبات pic.twitter.com/gGg4jDCJZq
— ريما الجريش (@twit_rima) 25-ти септември 2013
@twit_rima: Ти благодарам Алах за сите твои благослови. Мојот син Моат пристигна во Сирија. Го молам Алах да му даде сила.
Потоа продолжи:
ابني أوذي في بلاد الحرمين بسبب نصرته للمعتقلين فلن اسلمة لقمة سائغة للطواغيت فأرض العزة أرحم به .. #نفير_معاذ_الهاملي
— ريما الجريش (@twit_rima) 25-ти септември 2013
@twit_rima: Мојот син беше малтретиран во Саудиска Арабија поради помагање затвореници. Нема да дозволам така лесно да биде одведен од тираните. Земјата на достоинството и славата е помилосна кон него.
Весникот ал Хајат објави кратка статија за неа, во која се вели:
وقالت: «اتصلت بي مندوبة من وزارة الداخلية اسمها أم محمد، كانت تحذرني من ابني معاذ».
Таа вели: „Претставникот на Министерството за внатрешни работи, чие име беше Ум Мохамед, ме предупредуваше за мојот син Моат“ .”
Ал Џуриш одговори на статијата твитајќи:
جريدة الحياة رتبو الكلام على مايريدون وليعلم الصحفي اني سجلت الاتصال اولا مندوبة الداخليه لم تحذرني من .. ابني بل هددتني به وقالت سوف يكون بجانب والده بسجن وهددتني بإبنتي ماريه ذات ١٣ عام وقالت سوف تخسرين ابنائك..ايضا اخبرت ان ذهاب ابني لسوريا احب الي من سجون المباحث لانه راى اثار التعذيب وسمع من والده ماحصل له داخل السجون…فلا اريد ان تتكرر مأسات والده من جديد يذهب الى ارض العزة ويستنشق هواء الحريه احب الي من سجون المباحث وتعذيب..ايضالم تذكر الصحيفه ان المباحث تضايقني وتحاول جاهده ان تمارس علي صنوف التعذيب النفسي ولم تذكران زوجي صدر بحقه افراج [1][2][3][4][5]
Весникот ал Хајат ги изнесе моите изјави онака како што му одговараше. Би сакала да му кажам на новинарот дека го снимив телефонскиот повик. Прво, претставникот на Министерството (за внатрешни работи) не ме предупреди за мојот син туку ми се закани. Таа рече тој ќе биде следен кој ќе му се придружи на татко му во затвор. Таа, спомнувајќи ја ќерка ми, исто така ми се закани и мене. Рече дека ќе ги изгубам. Воедно, и реков дека повеќе сакам мојот син да е во Сирија отколку да биде во затвори на тајната полиција. Тој беше сведок на последиците од мачењето и слушна што му се случи на неговиот татко во затвор. Не сакам да се повтори трагедијата на неговиот татко. Повеќе сакам да биде во земјата на достоинството и слободата која се диши отколку на мачење во затворите на тајната полиција. Весникот исто така не спомна дека тајната полиција и мене ме малтретира и се обидува психолошки да ме мачи. Не спомна ни дека за мојот сопруг има налог за ослободување.
Реакцијата на твитер-заедницата беше разновидна. Симпатизерите на Џихадистите беа возбудени поради новостите и го гледаа сето ова како можност за уште повеќе млади луѓе да се вклучат во битката. Од друга страна, многу луѓе ја обвинуваа мајката за непромисленоста и загрозувањето на животот на нејзиниот син.
Нада А пишува:
ليس أسوأ من أم ترسل ابنها للموت بإسم جهاد مزعوم الا من يصفق لها! الى اين نسير ؛( #نفير_معاذ_الهاملي
— Nada.A (@nada0075) 25-ти септември 2013
Само оние кои ја поддржуваат се полоши од жена која го праќа нејзиниот син да умре во т.н. Џихад. Каде одиме вака?!
Дел од оние луѓе кои претходно учествувале во мирни политички акции, откако беа уапсени и осудени на казна затвор, се претворија во овие насилни, ултраконзервативни групи. Мохамед ал Кахтани, моментално-притворениот член на пркосливата саудиска Асоцијација за политички и граѓански права (ACPRA), соопшти дека Министерството за внатрешни работи дури и ги охрабрува затворениците да одат да се борат во Сирија:
فضيحة جديدة لوزارة الداخلية #السعودية عرضت على بعض الشباب الموقوفين على خلفية المظاهرات الموافقة على الذهاب للقتال في سوريا مقابل العفو #حسم
— Мохамед ал Кахтани (@MFQahtani) 30-ти јануари 2013
@MFQahtani: Нов скандал во саудиското Министерство за внатрешни работи: Тие понудија да ослободат некои млади затвореници доколку прифатат да одат да се борат во Сирија.
Членот на ACPRA, Абдула ал Хамид, дополнително на ова соопшти информации за слични инциденти од страна на судии:
قالت أم محمد الطلق: الذي قتل في سورية( في خطابها للملك)القاضي الحسني نهى ابني وزملاءه ال١٩عن المظاهرات وحرضهم قتال الشيعة هناك!!
— د. عبدالله الحامد (@Abubelal_1951) 25-ти февруари 2013
@Abubelal_1951: Мајката на Мохамед ал Талак, кој беше убиен во Сирија, во писмото до кралот вели: Судијата ал Хусни ги предупреди мојот син и неговите 19 колеги-демонстранти и ги подбуцна да одат таму (во Сирија) да се борат со Шиитите!