Жителите на Македонија „го гушкаа“ ГТЦ за да го спасат од барокизирање

People holding hands, forming a human chain to "warm up" the GTC - public trade center in Skopje, Macedonia. Photo by Vanco Dzambaski, CC BY-NC-SA

Луѓе се држат за раце, формирајќи човечки синџир за да го „загреат“ Градскиот трговски центар – ГТЦ, во Скопје, Македонија. Фото: Ванчо Џамбаски, CC BY-NC-SA

Граѓаните на Македонија се спротивставија на снегот и мразот вечерта на 29 декември 2014 година во знак на протест против владиниот план да наметне нова „барокна“ фасада на Градскиот трговски центар, дел од културното наследство изграден во 1973 и познат како ГТЦ. Активисти, уметници и архитекти ја водат иницијативата „Го сакам ГТЦ“ (FB, TW, #ГоСакамГТЦ) која организираше второ масовно „гушкање“ на комплексот.

Протестот е дел од низ анастани кои почнаа во 2013 година во обид да се спречи овој аспект на ширењето на проектот „Скопје 2014“, контроверзен и скап план за преобликување на центарот на градот во неокласичен или ткн. барокен стил. ГТЦ е отворен, „јавен“ простор, во сопственост на државата (97% од акциите).

Фотоактивистот Ванчо Џамбаски го документираше настанот, при што напишаand wrote:

И покрај со снег затрупаните улици и непријатното време, граѓаните на Скопје повторно се собраа во голем број, овој пат да го стоплат саканиот ГТЦ.

Повеќе од 2000 луѓе на уште еден начин се обидоа да пратат порака на арогантната власт дека не можеш да залепиш шпански скали и барокни кулиси каде што ќе ти текне. Едноставно, не е секоја идеја за плагијат добиена на прошетките во странство туку така применлива. Дури ни во град кој веќе изгледа како Дизниленд.

Независниот портал за вести А1он процени дека над илјада луѓе учествуваа во креативниот протест и објави видео-клип, кој доби многу споделувања на социјалните мрежи.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.