Година на кампањи за Иран

Just Access

Слика од Само пристап, кампања на Арсех Сева со цел да го потенцира ефектот на санкциите врз обичните Иранци.

Иранците оваа 2013 година беа сведоци на два големи политички настани: Изборот на нов претседател и почетокот на нуклеарниот договор. Двата договори ја вратија надежта во срцата за подобра и помалку болна иднина кај многу Иранци. 

Во меѓувреме, репресијата и цензурата продолжуваат во земјата: од филтрирањето на WeChat до масовното апсење на професионалци од областа на технологијата и поети.

Неколку интернет кампањи беа спроведени во текот на 2013 на различни теми од борбата против ракот до исмевање на Израелскиот премиер; од кампањи за заштита на кучиња до кампањи за фиктивен претседателски кандидат.

Најчест непријател

Две ирански филмски ѕвезди, едната во државата, а другата во прогонство заедно ја направија онлајн кампањата за поддршка на своите сограѓани кои страдаат од канцер. 

Во мај, Бахрам Радан од Иран му се приклучи на Голшифтех Фарахани, кој во прогонство живее во Париз, и заедно на YouTube направија видео како дел од кампањата да се спаси животот на Шахзад, нивен пријател во Иран кој страда од актутна леукемија. 

Однесувај се како маж, облекувај се како жена

Неколкумина Курди, мажи, имаат фотографија од себе облечени како жени, а сето тоа како дел од Фејсбук кампањата „Да се биде жена не е инструмент за казнување или понижување“. Фотографиите се појавија на Фејсбук страницата „Kurd Men for Equality”. Целата приказна започна во април кога маж облечен во црвен фустан бил шетан од страна на службите за обезбедување низ улиците на Мариван, ирански град во кој живеат Курди, а сето тоа било заради казна од страна на локалниот суд за решавање на домашни спорови.  

manwoman-253x300

#IranJeans: Да, ние носиме фармерки

Во октомври, Иранците го преплавија интернет просторот со постови, твитови и слики исмевајќи ја забелешката на премиерот на Израел Бенџамин Нетанјаху според која Иранците не смеат да носат фармерки.

jeans_Iran (1)

Фиктивни карактери за претседателски избори

Во мај, активистот од веб-страната United4Iran и веб-стрипот во продолженија „Zahra's Paradise“ ја започнаа виртуалната кампања „Зехра за претседател во 2013“ со цел преку сатира да го претстават иранскиот корумпиран политички систем.

zahra2-375x137

Само пристап

Комбинација од интернационални санкции и лошо управување од страна на иранската влада се причината за моменталниот медицински хаос во државата. 
Само пристап од организацијата за човекови права Арсех Севом беше една од кампањите лансирани за подобрување на пристапот до лекови, хуманитарни добра и други вид на несанкционирани елементи за луѓето кои живеат во Иран. 

Глобал Војсес неодамна известуваше за медицинската ситуација во Иран преку интервјуа со Иранци.

justacces

Спасување на „најдобрите пријатели“ 

Невладиното прифатилиште на кучиња скитници, Pardis Animal Shelter во Табриз со виртуелна кампања во октомври започна со работа. Иранските власти генерално не почитуваат поседување на кучиња. Од прифатилиштето на својата Фејсбук страница, посакуваат да бидат „Гласот и прифатилиштето на овие суштества кои се беспомошни и безгласни!“. 

Pardise animal shelter Facebook page

Фејсбук страницата на прифатилиштето Pardise animal 

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.