Јужна Кореја: Трите главни ТВ станици протестираат против пристрасното известување
По еден од очајните обиди на најголемата телевизиска мрежа во Јужна Кореја да го симне од позиција својот директор заради пристрасно известување и обвинувања за корупција, на протестот се приклучија и останатите две главни ТВ станици, кои со здружени сили се спротивставија на сопствените раководства поради наклонетост кон Владата, како и цензурата на различните содржини кои го критикуваат режимот на истата.
Од јануари 2012, MБЦ е на штрајк на неодредено време. Некои емисии се стопирани повеќе од два месеца, а неколкумина новинари биле отпуштени од страна на директорот на телевизијата пред останатите колеги да поднесат заедничка оставка во знак на протест.
Сега, КБС, најголемиот јавен радиодифузер во земјата и ЈТН, најголемиот корејски 24 часовен кабловски информативен канал, се здружија против сопствената уредничка цензура и го поддржаа штајкот на MБЦ.
Протестни видеа
Видеото подолу е наречено „Прослава заради (идните) оставки на овие медиумиски падобранци“ и почнува со слика од тројцата директори на трите телевизии како се спуштаат од небото и летаат со падобран. „Падобранот“ или „падобранецот“ како збор од корпорацискиот свет во Јужна Кореја, се однесува на личност која добила работа со одлука донесена од некој на повисока позиција, најчесто со помош на политичко влијание или како одлука на извршни директори на највисоките позиции, не земајќи ги во предвид вистинските способности на личноста која ја добива работата. Понатаму во видеото се објаснува како раководството ги испревртува вестите во прилог на Владата (Прочитајте повеќе за штајкот во друг напис на Global Voices овде).
Неколку видео клипови качени на интернет од страна на mbcunion2012 ја објаснуваат целта на штрајкот на моќен и креативен начин. Видеото подолу е направено во вид на промотивно видео за песна и ја позајмува истата мелодија од песната „Слободата на Итаевон“, но текстот е заменет со друг, а насловот е преименуван во „Слободата на МБЦ“.
Дејството од видео се случува во зградата на МБЦ каде водителите ја изведуваат песната, пеат и играат, што е навистина ретко во корејското новинарско бидејќи таму се очекува презентерите да бидат сериозни и да изгледаат авторитативно. За големината на протестот може да добиете претстава по 2 минути и 15 секунди, каде многубројни вработени во МБЦ пеат заедно во знак на протест.
Дел од текстот на песната е:
0 min 20 sec: 요즘 MBC는 안봐 나꼼수면 충분 시청자 왜 눈돌렸나, 정권 비판 뉴스 실종, 누가 MBC 망쳤나. 1 min 비판 실종 MBC, 막장 인사 MBC, 징계 남발 MBC, MB 방송 MBC. 1 min 45 sec 정권엔 충성, 진실 눈감아, 어이가 없어, 더 이상 못 참아.
1 мин: Нема повеќе критика во МБЦ! Ужасен начин на вработување во МБЦ! Казните [заради лични расправии] ги има насекаде во МБЦ! MБ ја води MБЦ! [МБ се иницијалите на претседателот на Јужна Кореја, Ли Мјун-бак]
1 мин 45 сек : [Водството] му е верно на режимот. Очите на Вистината се затворени присилно. Ова е повеќе од апсурдно. Не можеме вака повеќе.
Истата песна и кореографија, вработените во МБЦ ја изведоа во вид на флеш моб на железничката станица во Сеул, едно од најфреквентните места со патници. Може да ги видите реакциите на минувачите во видеото долу, од збунетите луѓе во години, до возбудените млади, како и луѓе во своите 40-ти и 50-ти кои се вистински заинтересирани за пораката на флеш мобот.
Дури и еден од презентерите на МБЦ во ударните термини, Чо Ил-гу, поднесе оставка минатиот месец, во знак на поддршка за своите колеги. Во Јутјуб видеото подолу, г-дин Чо жалосно вика по своите колеги: „Ова би требало да е времето кога се најзафатени продуцентските тимови за информативната програма. Зошто вие [морате да] го правите ова [реферирајќи на протестот] овде?“ (0 мин 12 сек).
Потоа Чо со жалење коментира дека слободата на говор во Јужна Кореја „се вратила на ниското ниво на кое била во 1987 година или сега е уште полоша отколку тогаш“. Доцните 80-ти беа периодот кога со земјата владееше авторитарен воен режим, кој брутално ги замолчуваше неистомислениците и медиумите.
Како знак на поддршка за потегот на МБЦ, КБС се придружи на протестот и го објави ова креативно видео каде работниците изведуваат „Самбо Илбае“, корејска традиција со која се изразува длабоко жалење, извинување и силна одлучност со тоа што човек се „поклонува и со колената и лактите допира до земјата, а ова го прави на секои 3 чекори“.
Ова видео го покажува начинот на кој порано КБС известувал за сегашниот претседател. Тие премногу го очовечувале и фалеле, но исто и нефер се однесувале кон неговите опоненти, напаѓајќи ги. По овој дел видеото се менува и следува кадар во кој вработените во КБС изведуваат „Самбо Илбае“ во знак на извинување за нивното искривено известување.
Ова видео е со наслов „Ресетирајте го КБС“ и ги прикажува вработените од различни оддели како повикуваат да се врати непристрасноста во известувањето, при што потенцираат дека првиот неопходен чекор е да се промени водството кое наместо да се плаши од обичниот граѓанин, се плаши само од моќните луѓе.
Вработените во кабловскиот информативен канал ЈТН исто така се приклучија на штрајкот со тоа што објавија видео со наслов „Лутиот ЈТН“, кое всушност претставува видео интејву со Бенџамин Исмаил, одговорен на одделот за Азија и Пацификот во Репортери без граници во Париз. Во интервјуто кое се одвива на француски со корејски превод, Исмаил повикува на меѓународна поддршка за штрајкот.
Синдикалните работници од Информативната агенција Јонхап, најголемата информативна агенција во Јужна Кореја, истотака го качија на интернет следното Јутјуб видео во кое се извинуваат за своето пристрасно известување. Сепак, протестот кај Јонхап е многу мал засега.
Следат уште неколку видеа од МБЦ за штрајкот. Првото долу е пародија на документарецот на МБЦ за истребувањето на император пингвините, каде тие ја споредуваат кризата во која се наоѓаат пингвините со ситуацијата во која се наоѓаат вработените во МБЦ, каде што мора да се борат со ладното време со цел да преживеат.
Видеото долу е промотивно видео за прекрасна песна наречена „Син кит“, испеана од најпознатите продуценти, новинари и презентери на МБЦ. Текстот на песната зборува за охрабрувањето на луѓето кои водат тешка битка, а пеењето го води една од најпознатите рок ѕвезди во Јужна Кореја, Јун До-хјун.
Категории

Започни ја конверзацијата
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!