Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

САД: Солидарност против цензурирање на латино-американската литература

Укинувањето на мексиканско-американските студии и цензурата на многубројните книги во училиштата во Тусон, Аризона предизвика национална поддршка кои завземаа форма на разни протести, продажби на книги, групи за читање и презентации меѓу другите дејства. Исто така, цензурата на книгите предизвика многу плодни дебати во Њујорк и ширум САД.

Како примери за солидарност еве неколку видеа снимени од писателот Ерасмо Гера за време на панелот кој го организираа судентите од колеџот Џон Џеј, од Градскиот Универзитет во Њујорк, на 25 февруари 2012 година.

Помеѓу поканетите беше и писателот Тони Дијаз основач на Либротрафиканте, движење кое организираше караван за да шверцува забранети книги од Хјустон, Тексас во Аризона со цел да си го исполни правото на писменост и политички отпор.

Покрај него, присутни беа и Лиана Лопез и Брајан Парас, исто така коосновачи на Нуестра палабра: Латино писателите имаат право на збор: организација која во изминатите 13 години создава услови за дистрибуција на книги напишани од латиноамерикански автори во Хјустон, Тексас.

Од Њујорк беше писателот Рич Виљар, кој раководи со Фундацион Ацентос: литературна организација основана во Бронкс, Њујорк во 2003. Во неговата презентација Виљар повлече паралела меѓу кариерите на порториканските писатели кои не се исклучени од потиснување и сегашната ситуација во Тусон, Аризона.

(Откако го слушнавте Виљар и ако сте заинтересирани да дознаете нешто повеќе за кариерата на порториканскиот библиотекар Пура Белпре, можете да погледнете во архивата на Центарот за порторикански студии, на колеџот Хантер од Градскиот Универзитет во Њујорк.

Продолживме со презентацијата на Серхио Тронкосо, писател роден во Ел Пасо, Тексас, дете на мексикански родители, а кој сега живее во Њујорк. Меѓу останатите издадени дела тој ги напишал и Последната тортиља & други приказни, Природата на вистината, Од оваа извртена прашинка, како и книгата со кратки приказни насловена како Преминивање на границите: Лични раскази. Исто така, тој пишува на блогот Chico Lingo: Escritura, Lectura, Dinero, Discusión

Караванот на Либротрафиканте пристигна на својата последна станица на 17 март, 2012. Неговата мисија ќе продолжи со идни дебати, образовни програми, општествени и политички сојузи и литературни активности. Исто така, како дел од нивното наследство, четири  „тајни библиотеки“ ги отворија своите врати.

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.