Оваа статија е дел од нашата специјална репортажа Кони 2012.
Кампањата на социјалните мрежи создадена со цел да го поддржи апсењето на угандскиот лидер на герилците и прогонуван воен злосторник Џозеф Кони, тргна во нова насока. Во една блог објава наречена „#Кони2012 е Пародија“, Шон Џејкобс зборува за пародиските видеа за актуелната кампања кои се објавени на интернет.
Австралиската „рап њуз ејџенси“ направи пародија за Кони наречена „Yes We Kony“:
YES WE KONY. Март е, интернетот ни го достави првото видео што шокираше на глобално ниво: несопирливото, Stop-Kony 2012 (Сопри го Кони 2012) видео, кое фрли светлина врз маките на афричките деца војници како никогаш досега. Но, дали е ова навистина добро или лошо? Дали светот е покомплициран од тоа да се има само „добри“ и „лоши“ момци? Како и да е, едно е сигурно, ова е нешто важно: никогаш порано едно 27-минутно видео кое не содржи мачиња или женски гради, не можеше да се здобие со толку популарност. Дали со ова се покажува способноста на интернетот да информира и заангажира толку инстантно милиони луѓе; и знак кој ни дава надеж дека постои желба меѓу луѓето да дејствуваат заедно за нешто што има смисла? Или Кони 2012 само го одбележа почетокот на една нова алчна ера на хуманитарниот маркетинг? Придружете му се на домаќинот со хуманитарни намери Роберт Фостер и нашиот специјален гостин Генерал Бакстер, директно од AFRICOM – ќе навлеземе длабоко во срцето на материјата.
Комичната група наречена Бат Бојс Комеди (Bath Boys Comedy) беа иницијатори на кампањата наречена Тони 2012: Сопри го Тигарот. Тигарот Тони е рекламната маскота на житарките Келогс Фростед Флејкс, која стои на пакувањето и во рекламата.
Впрочем и Адолф Хитлер реагираше на видео кампањата Кони 2012:
Јутјуб корисникот StabOfMyVenom направи компилација од некои од најдобрите шеги за Џозеф Кони 2012:
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=jJIPl17csfw
Кампањата Кони 2012 беше критикувана од многу жители на Уганда, кои велат дека видеото го прикажува конфликтот во Северна Уганда како преедноставен. Со цел да ѝ се спротивстават на негативната слика за Африка прикажана во видеото, африканските корисници на интернет пишуваат на Твитер за тоа „што најмногу сакаат кај Африка“ со хаштагот #WhatILoveAboutAfrica.
Ова статија е дел од нашата специјална репортажа Кони 2012.