Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Тунис: Читателите на книги на улица!

По неделите проследени со демонстрации во Тунис, беше најавен и нов настан, наречен „L'avenue ta9ra“ или „Авенијата чита“. Планот е Тунижаните да ги донесат своите книги на авенијата Хабиб Бургиба, најпрометната сообраќајница во главниот град и да учествуваат во колективното читање.

Најавата за настанот на Фејсбук гласи:

Et si on envahissait l'avenue ? Pas avec nos cris ni nos manifs mais avec nos livres.
L’idée est, comme d'habitude, simple: le mercredi 18 avril à 17h, on se déplace vers l'avenue, on s'installe dans les cafés, sur les bancs publics, sur les marches des escaliers, un livre à la main pendant une heure.
Pas la peine que l'on se connaisse, que l’on se parle…on va se reconnaitre par le fait d'avoir un livre à la main
Ça sera la première manif silencieuse sur l'avenue, sans revendication politique; prouver et montrer que les Tunisiens lisent, que ceux qui vont changer le monde sont ceux qui lisent.
Il est temps de rappeler que notre peuple est impliqué, cultivé et lettré.
Invitez vos amis, soyez nombreux, créons l'événement.
Tous à vos livres !!!!!

„L'avenue ta9ra“ (Авенијата чита). Слика од страницата на настанот на Фејсбук.

А што ако ја заземеме цела авенија? Но, не со извици и демонстрации, туку со нашите книги.
Како и обично, идејата е едноставна: во среда, 18 април, во 5 ч. попладне, се упатуваме кон авенијата и еден час ќе седиме во кафулињата, на клупите, на скалите со книга в рака.
Не е потребно меѓусебно да се запознаеме или да зборуваме… Ќе се препознаеме по книгата во нашите раце.
Тоа ќе биде првата тивка демонстрација на оваа авенија, без вмешување на политика; сакаме да докажеме и покажеме дека луѓето во Тунис читаат, дека оние што читаат се тие кои ќе го променат светот.
Време е да не забораваме дека нашите луѓе се ангажирани, образовани и писмени.
Покани ги твоите пријатели, да бидеме во голем број, нека биде вистински настан.
Фаќајте се за книга!!

Овој настан го следи неодамнешното укинување на забраната за протести на авенијата Хабиб Бургиба, како и бруталниот напад врз мирољубивите демонстранти од страна на полицијата. За разлика од неодамнешните анти-владини собири, за овој се тврди дека е аполитички.
Тунискиот блогер Абделкарим Бемабдалах стои зад слична иницијатива, наречена „Les amis du livre“ (Пријатели на книгата).  На Фејсбук, членовите споделуваат предлози, дискутираат за изборот на книги и гласаат за локации за следните собири.
По бунтовите од 2011, само неколку културни собири беа организирани во Тунис. Сепак, младите Тунижани повторно земаат замав и се трудат овие колективни читања да бидат почести низ целата земја.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.