На 26 февруари 2012 година, Џорџ Зимерман, доброволец за надгледување на соседството од Санфорд, Флорида, САД, го застрела и усмрти 17 годишниот Трајвон Мартин додека излегувал од продавница со купените слатки. Џорџ Зимерман и призна на полицијата дека го застрелал Трајвон во пределот на градите.
Според полициската снимка од телефонскиот разговор објавена минатиот петок, Џорџ Зимерман ја известил полицијата за „сомнително лице“, Трајвон Мартин, 17 годишно момче со темна боја на кожата, кое излегува од продавница. Полицискиот оператор изјави дека на Џорџ Зимерман му било кажано да не се впушти во потера на младото момче.
Огорченоста на американските граѓани и интернет корисници во врска со инцидентот продолжува да расте и сè уште е ударна вест во градот Санфорд, каде што се случи убиството. Полициската единица задолжена за случајот, досега не беше во можност да излезе со какви било формални обвиненија против Џорџ Зимерман чие дело од многумина се смета како злосторство на расна основа.
Герет Брајант напиша на неговиот блог:
Зошто црниот човек секогаш се наоѓа на листата на загрозени видови?
Како да ми било пишано да сум жртва на оваа матрица, засекогаш.
jrcm.t пишува:
идеална комбинација: „Огнено оружје и црнец“ – најдоброто од расизамот!!! И во одбрана се вели „граѓанско право за користење на огнено оружје во самоодбрана.“
Социјалната мрежа реагираше со оваа формула: белец > шпанец > црнец.
Расната конотација на овој случај е очигледна. Иако американското министерство за правда и ФБИ покренале истрага за разоткривање на „фактите и околностите“ околу убиството на Трајвон Мартин, интернет заедницата продолжува да врши притисок врз владата на САД за задоволување на правдата. Еве некои од порелевантните коментари:
Tericruz, во полето за коментари на Хафингтон Пост (кое се здоби со илјадници коментари по објавата на статијата) пишува:
Може да се чуе како момчето моли за својот живот во позадина на снимката од полицискиот повик. Плачев затоа што си помислив на мојот син во таква ситуација кога би знаел дека ќе умре, а немало кој да му помогне. Бог да го прости и нека го благослови неговото семејство.
Claudial додаде:
Новиот закон во Флорида се чини како да го штити секој што сака да изврши убиство, под услов да нема очевидци. Да живеев во Флорида, ќе ми беше многу страв. Законите за огнено оружје во земјава се сосема наопаку.
MrScorpio отвори тема на DemocraticUnderground.com и оттогаш, интернет корисниците го преплавија сајтот со нивните реакции, лични сведоштва и сеќавања на малтретирање од страна на белите луѓе во САД.
На Change.org повеќе од еден милион луѓе потпишаа петиција упатена до американскиот врховен обвинител и други, за задоволување на правдата.
Твитер е преплавен со коментари за овој случај. Фотографии од демонстрациите во Флорида можат да се видат преку овој хаштаг: #Trayvon.
Стотици граѓани и активисти бараат апсење [на Џорџ Зимерман] пред градското собрание за инцидентот со Трајвон Мартин: #trayvon
@YsanneBueno го покрена расното прашање:
@MUTHAKNOWS Ако Трајвон беше бел а Зимерман црн, се прашувам кој ќе беше исходот од случајов? #TrueStory
@OmariShakirXo побара од глобалната заедница да се обедини во спомен на Трајвон:
Сите што сакаа да се уапси Кони, ве молам споделете ја тагата за случајот со Трајвон. Навистина не гледам како тоа би било премногу да се побара…
Многумина демонстрираат против законот „Не се повлекувај“, стапен на сила од 2005 година во Флорида, кој го проширува опсегот на автоматската заштита на станбените области до многу јавни области. Ваквиот закон го елиминира поимот под англиското право при што човек мора да се „повлече“ кога ќе се соочи со опасност надвор од домот. Без него, секој американски граѓанин кој е вооружен, сега нема обврска да се повлече кога ќе се соочи со закана.
@Karen Hunter твитна:
Може ли некој да ми објасни зошто постои ова „Не се повлекувај“?
@Touré додаде:
Законот „Не се повлекувај“ не вели дека „Ако се почуствуваш загрозен од страна на млад припадник на црната раса, имаш право да одговориш со пушка“.
Чарлс М. Блов во Њу Јорк Тајмс вели:
Иако мораме да почекаме на резултатите од истрагата за убиството на Трајвон, јасно е дека станува збор за трагедија. А доколку не му се припише никакво незаконско дело на инцидентот, тоа ќе биде уште поголема трагедија.