Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Србија: Медиумската војна против Анџелина Џоли

Не толку одамна, Анџелина Џоли беше „повеќе загрижена“ за тоа како е прифатено нејзиното прво режисерско издание – филмот „Во земјата на крв и мед“, во Босна и Србија, отколку во САД. Долго време ги очекуваше реакциите од локалната публика, која таа ја преслика во нејзината воена драма, а некои од нејзините стравови излегоа оправдани.

Додека босанската публика топло ја прими оваа воена љубовна приказна за српскиот полицаец и босанската муслиманска девојка, српските медиуми започнаа војна против американската актерка обвинувајќи ја за ширење омраза кон Србите.

Српскиот дневен весник Курир објави серија на статии кои сериозно и наштетија на добрата репутација на Џоли во Србија:

Анџелина во филмот тврди дека 300,000 муслимани се убиени во босанската војна, а 50,000 босански жени силувани. Актерката цели да бара укинување на Српската Република, како геноцидна креација. Сето ова беше наредено од исламистичката полиција, претставувајќи ги Србите како криминалци, убијци, разбојници, силувачи, а муслиманите во сето ова се единствените жртви.

Објаснувајќи ја причината за про-муслиманската определеност на Џоли, весникот тврди дека филмот е финансиран со саудиска директна инвестиција од $10 милиони долари:

Општо е познато дека Џоли е доста блиска со политичарите во Вашингтон. Можеби сака јавноста да мисли дека е еден уметнички филм, но всушност тоа е една ефтина анти-српска пропаганда. Режисерката испраќа порака до јавноста дека Србите се луди и диви ѕверови, а муслиманите невини жртви.

Момир Стојановиќ, поранешен директор на Српската воена Агенција за разузнавање, исто така го подржа тврдењето на Курир, дека муслиманските екстремисти го спонзорирале проектот на Џоли, велејќи дека „тоа е многу блиску до вистината“.

Српскиот весник привлече илијадници од негативни, про-српски гласови на imdb.com, еден од најугледните сајтови за филмско рангирање, предизвикувајќи оценката на филмот драстично да падне од 5.4 на 3.3.

 

A screenshot of Jolie's film page on imdb.com.

Слика од екранот од страницата за филмот на Џоли на imdb.com.

Многу брзо страницата на филмот на Џоли на imdb.com се претвори во виртуелно борбено поле меѓу Србите и муслиманите. (Како и да е, во последните неколку денови, 11 страни од коментари некако се намалија на 5).

Sanja_Cancar вели:

Анџелина треба да се придржува до темите кои и се познати: уништување на бракови, крадење сопрузи, посвојување на деца од целиот свет, носење крв. Освен тоа, таа го избра ироничниот начин да биде „амбасадор на мирот“ кој се вклучува во политиката за која таа не знае ништо и прави филмови со кои само шири повеќе омраза…[…]

Vitezbg забележува:

Филмот е полн со политички манипулации, лаги, лажни информации и.т.н. Исто така, бројката од 50,000 силувани муслимански жени е недоверлива. Познат е случајот кога „силувана сараевска жена“, роди дете со африканско потекло. Всушност, таткото во овој случај беше член на персоналот на Обединети Нации.

Johnny NT заклучува:

Добро сработено Енџи, Гебелс и Хитлер би се гордееле со тебе и твојата фасцинантна работа на овој филм.[…]

rudeedee2 прашува:

Како можат таквите луѓе да се осмелат да снимаат филм („забава“) за таква ужасна и чувствителна ситуација??? Изгледа само парите се важни. […] Анџелина Џоли може да мисли дека нејзиното семејство поминало низ пекол и дека ја изгубило секоја смисла за нормален живот, искусило страв, кршење на срцето, умирање и пустошење, само за т.н. филмски режисер, да го претстави сето ова како уметнички капитал?

psysd3 ја потсетува Анџелина за криминалните дела на својот народ:

[…] Уште од самиот почеток на доаѓање на американската почва, кога е проценето дека во 1500-тите бројот на Индијанци бил околу 12 000 000, до 1900-тите истиот е намален на приближно 237 000. […]

Alex_Michael напиша:

Претпоставувам дека очекував премногу од Анџелина. Таа може да има црна коса, но филмот изгледа како да е направен од плавуша. Српските нацисти кои немаат проблем со убивањето од една страна животни до бебиња, а од друга добри муслимани… Пример е Сребреница, каде Србите извршија злосторства од одмазда откако неколку села околу Сребреница беа тотално уништени, а нивните жители биле  убиени од муслиманите од Сребреница. Тоа многу добро е опишано во норвешкиот документарен филм „Сребреница, предаден град“.

Босанската муслиманска онлајн заедница се спротивставува на српските коментари и го поддржува филмот на Џоли.

f_s и е благодарна на Анџелина:

[…] Ти благодарам г-ѓо Џоли за тоа што си гласот на женската неправдина, понижување, тортура. Им препорачувам на сите да го гледаат филмот, особено жените низ секаде во светот, за да слушнат за незборуваното и да сведочат за скриеното. […]

Sibaak додава:

[…] Ние, Босанците, не мразиме. Ние сме најмиротворната нација во светов, и поради тоа, тие факти поврзани со војната се толку брутални! Бидејќи ние не верувавме дека тоа некогаш ќе се случи. Не верувавме дека нашите пријатели ќе се свртат против нас, ќе не силуваат, ќе ги убиваат нашите деца, уништуваат нашите домови. Но, тие тоа го направија. Ние што преживеавме да раскажуваме, баш како јас, веруваме дека има добри Срби. Но, она што вистински боли е тоа што гледам многу луѓе, како тука сега, кои немаат поим за вистината, толку се слепи и полни омраза, што ми кажува дека би го направиле истото повторно. На некој начин, чувствувам дека тоа е добро, бидејќи ги покажуваат вистинските лица. Покажувајќи колку се само неуки.[…]

Мела Фаткич искажува благодарност до Џоли на Фејсбук страницата на филмот. Таа пишува:

Анџелина ти благодарам за овој филм, но ние не можеме да заборавиме што беше тоа. Ти благодарам за вистината со која многумина не се помирија и никој не верува додека не види…

Дино Глигиќ го подели своето мислење:

Анџелина, ти благодарам многу што му ја кажа на светот вистината за тоа што Србите направија. Беше полошо од колку што е прикажано во филмот…

Нат Тасчети Гарсија Енџи ја признава својата неукост и прашува:

Само што завршив средно и никогаш не сум учела за босанската војна, како и за бегалските кампови. Дали мислите дека треба нешто да се поправи во образованието, како мајка и како активист?

Исфрустрирана од српската бесна реакција, Џоли одговори на Твитер:

Дали е можно цела нација да поверува во измислена приказна извадена од ѓубре магазинот Курир кој е базиран на лажна пошта од некоја измислена личност?

 

Како и да е, неколку денови подоцна, овој твит беше избришан и се појави нов:

Не ја искажувајте ја љубовта кон својата земја, раса, религија, и.т.н. со мразење на другите.

Од друга страна, Курир го повлече написот со заканувачки тон, објавен на официјалниот веб-сајт на весникот објавен како одговор на навредливиот твит на Џоли, наречен: „Србите и објавуваат војна на актерката: ти не знаеш што те чека Анџелина!“

Џоли, исто така, ја твитна оваа молба:

Не верувајте во се што ќе прочитате… „Тие убиваат убави дрвја за да продадат лоши дневни весници.“

Во едно интервју за Слободна Европа, Џоли ја искажа својата наклонетост кон Босна, велејќи дека „лесно е да се заљубиш во Босна.“

Немаше да го снимам филмот ако Босанците не се согласија со сценариото. Ќе го запалев..

Жељко Митрович, сопственикот на телевизијата Пинк, е еден од највлијателните Срби кои многу ја обвинуваше Џоли поради нејзините анти-српски предрасуди и дури се повлече од филмскиот проект. Сега,  тој го промени своето мислење:

Не е во ред да се напаѓа Анџелина сега кога филмот е завршен. Можевме да смениме нешто пред да започнат да го снимаат филмот. Сега е без поента да создаваме непријателство. Тоа не може да се промени со додатни антагонизми. Таа би требало да биде поканета во Белград, бидејќи луѓето како неа можат да ни помогнат во иднина да ја подобриме нашата слика во светот. Ја поканувам Анџелина да дојде во Србија и да биде гостинка на телевизијата Пинк.

 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.