· октомври, 2008

Написи за Виблог од октомври, 2008

Индија: Новинарство од страна на заедницата со Видео волонтери

  13 октомври 2008

Видео волонтери е непрофитна организација составена од медиумски продуценти од селата и предградијата на Индија, кои креираат содржина која е релевантна за нив и ја прикажуваат во заедниците, запознавајќи илјадници луѓе месечно со вести и настани кои влијаат на нивните животи и ги повикуваат на акција. Канал 19 е онлајн...

Латинска Америка: Reporting On, Твитер за новинари, станува популарен

  13 октомври 2008

Успехот на Твитер имаше големо влијание на многу нови сајтови, кои сакаа да ја ископираат формулата: кратки пораки, од сите типови на направи, за одредена публика. Еден од тие сајтови кои го следеа овој пример е Reporting On, нешто слично на Твитер за новинари, кој беше во работна бета верзија...

Интернационален поглед за изборите во САД

  10 октомври 2008

Како што се наближуваат американските избори, интернационалното внимание кон надворешната политика на САД и нејзините кандидати се зголемува. Проектите како Collective Journalism (Колективно новинарство) на Current TV (Актуелна телевизија) и Voices Without Votes (Гласови без право на глас) на Глобал војсис ја преземаа обврската да ги собираат овие информации и...

Казахстан: Јазик, економија и странска политика

Казахстанските власти повторно го поставија прашањето за јазикот на државата. Казахстанскиот јазик беше многу обезвреднуван во времето на Советскиот Сојуз поради вмрежувањето со рускиот јазик. Порано, официјалните лица се воздржуваа од целосно исклучување на рускиот јазик (којшто сè уште доминира во официјалната документација и во другите сфери), оставајќи го ова...

Саудиска Арабија: Еве го доаѓа едноокото фереџе

Од фереџе кое го покрива лицето, но им дозволува на жените да ги покажат двете очи, еден исламски научник од Саудиска Арабија сега повикува на фереџе кое дозволува да се види само едното око. Блогерите од арапскиот свет реагираат. Пишувајќи на Mideast Youth, Бахраини Есра забележува: Со цел да ги...

Блогерска револуција: од Иран до Куба

  7 октомври 2008

Антони Ловенстен, хонорарен новинар и блогер од Сиднеј, неодамна ја објави својата нова книга: Блогерска револуција. Оваа книга зборува за влијанието на блогирањето во шест земји: Иран, Сирија, Саудиска Арабија, Египет, Кина и Куба. Тој вели: Ги избрав овие шест земји бидејќи тие од страна на Западот рутински се сметаат...

Јапонија: Да се биде гејша во времето на блогот

  7 октомври 2008

Една од најстарите професии во Јапонија, гејшите, се мајстори на сите видови на вештини, од музика до поезија и од традиционални танци до конверзација. Но денешните гејши прават повеќе од тоа. Како што гејшите во античките времиња ги забележувале случувањата од секојдневниот живот  и мислите во своите дневници, модерните маико...

Чиле: Ученици со краток филм ја подигнуваат свеста за насилството

  6 октомври 2008

Учениците од машкото училиште Лас Кумбрес во Чиле, создадоа серија од кратки филмови; вклучувајќи го филмот што следи за насилството и тинејџерските самоубиства, кое завршува со следнава изјава: „Ова е феномен којшто ја зафати нашата земја и остатокот од светот. Не може да знаете што мисли другиот човек или како...

Бразил: Масакрот Карандиру неказнет и заборавен

  6 октомври 2008

Посета на Карандиру, фотографија од корисникот на Фликер силмараелис, објавена под Крејтив комонс лиценца. Насловот вели “таму, душите веќе долго се заборавени”. Масакрот Карандиру, кој се смета за најголемо кршење на човековите права во историјата на Бразил, се случи пред 16 години (2ри октомври 1992) откако пламна бунт во 9тиот ...

Хонгконг: Забранета реклама за Ноќ на вештерките

  3 октомври 2008

Секоја година, Ocean Park во Хонгконг организира забава за Ноќта на вештерките со цел да привлече посетители. Меѓутоа, нивните реклами за овој настан се соочуваат со многу поплаки од јавноста. Оваа година, некои од нивните клипови беа забранети. Еден од забранетите клипови сега кружи низ ЈуТјуб и привлече доста внимание...