Казахстанските власти повторно го поставија прашањето за јазикот на државата. Казахстанскиот јазик беше многу обезвреднуван во времето на Советскиот Сојуз поради вмрежувањето со рускиот јазик. Порано, официјалните лица се воздржуваа од целосно исклучување на рускиот јазик (којшто сè уште доминира во официјалната документација и во другите сфери), оставајќи го ова поле на неколку национални движења. Сега, сите се загрижени околу планот да се воведе стандардизиран тест за казахстански јазик сличен на TOEFL, кој ќе се бара при вработување започнувајќи од 2010 година.
“Јас повеќепати пишував дека Казахстанците доминираат во државните служби (без оглед на тоа дали го знаат мајчиниот јазик или не). Некои добри доктори или возачи ќе ја напуштат државата – или само ќе мигрираат во приватниот сектор – но се ќе остане исто. Во двата случаја, моите деца ќе учат во поинаква држава”,
пишува slavoyara, еден новинар од северниот дел на државата, кој е населен во главно со словенски народ [руски].
dojdlivoe leto од истиот регион е малку попозитивен – но сепак се прашува [руски]:
Се прашувам како тие ќе го изработат ова? Дали ќе обезбедат бесплатни или ќе наплаќаат за јазични курсеви? Или тие едноставно ќе го отпуштаат секој што не го знае казахстанскиот јазик во 2010? Мислам, ако сакате сите да ги знаат јазикот, бидете добри, креирајте можности.
Во меѓувреме, alim-atenbek ја проучува својата пензиска сметка [руски]:
За време на моето кратко работно искуство, јас заштедив 388,000 тенги. Сега, од нив имам 368,000. “Акумулативниот пензиски фонд ” ми ги изеде моите 20,000 тенги – или 5 проценти! Земајќи ја во обѕир 20 процентната инфлација во 2007, јас губам многу. Службените лица ја обвинуваат тешката кредитна состојба, но еве неколку прашања: дали државата ги регулира активностите на фондовите – на пример, во смисла платите на врвните менаџери или активата во која тие инвестираат? И дали овие загуби ќе бидат надоместени?
Megakhuimyak гледа во друга – институционална – жртва на економските кризи. Nurbank е одличен пример за тоа каков ефект има политиката врз бизнисот. Нејзините акции паднаа не поради тешката кредитна состојба – тие паднаа пред тоа, како последица на конфликтот помеѓу сопственикот на банката Ракат Алијев со неговиот поранешен дедо (татко на бившата сопруга), господинот претседател Назабрајев [руски]:
Нејзините акции покажаа стабилен пораст до јануари 2007, кога започна скандалот со врвните менаџери [тие беа грабнати и малтретирани од страна на Алијев]. Акциите паднаа од 62,500 на 52,500 тенги. Тогаш, како што се развиваше ова прашање во се поголем проблем, цената полека паѓаше. Кога се интензивираше истрагата, акциите паднаа уште пониско на 27,500. Тогаш финансиските кризи го направија последниот удар – сегашната цена е 17,000 тенги.
Mumo-cult известува за посетата на Марат Тазин, министер за надворешни работи на Казахстан, во Вашингтон Диси, каде тој ја претстави книгата на претседателот Назабрајев [руски]:
Луѓето се прашуваа зошто не дојде самиот автор, зошто Тазин одбива да ја потпише книгата, зошто е тој толку срамежлив и лаконичен… Како и да е, отворениот бар со неограничен алкохол, вкусната храна и бесплатните книги ја смирија публиката.
Во меѓувреме, weathercock е вознемирен – поради позадината на неодамнешните случувања во Кавказ – преку еден новинарски артикл во Њујорк Тајмс [руски]:
Дали Казахстан ја налути Русија на некој начин? Руската армија спроведува маневри на 300 милји од Руско-Казахстанската граница…