Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Латинска Америка: Reporting On, Твитер за новинари, станува популарен

Успехот на Твитер имаше големо влијание на многу нови сајтови, кои сакаа да ја ископираат формулата: кратки пораки, од сите типови на направи, за одредена публика. Еден од тие сајтови кои го следеа овој пример е Reporting On, нешто слично на Твитер за новинари, кој беше во работна бета верзија од минатата година. Доколку се регистрирате, ќе забележите дека сајтот станува доста успешен, посебно помеѓу новинарите во Латинска Америка.

Структурата е многу слична на Твитер, може да се напишат 140 карактери, кое многу корисници го искористуваат за да напишат вести во форма на наслови. Секоја вест може да биде тагирана со многу зборови. Во левата колона, може да се најдат најпопуларните тагови. Може да се коментира на постови од други членови и да се одговора на коментарите, но не може да се следат одредени членови или да се филтрира содржината, освен по тагови.

Пабло Мансини го интервјуираше Рајан Шолин, кој стои позади проектот, и истакнува дека Reporting On „е непрофитен проект финансиран од Knight News Challenge со цел да се подобрат локалните вести, да се поврзат луѓето кои не зборуваат доволно меѓу себе“. Тој додава: „кога сајтот ќе има доволен број на апликации, ќе го отворам кодот и ќе ги повикам развивачите на софтвер и новинарите да го подобрат, со цел да лансираат свои верзии на сајтот.“

Исто така повеќе за Reporting On може да најдете на: Bloc de Periodista (шпански); The Exploding Newsroom; Random Mumblings и Linchpen. На DigiDave може да најдете уште едно интервју со Шолин.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.