Хонгконг: Забранета реклама за Ноќ на вештерките

Секоја година, Ocean Park во Хонгконг организира забава за Ноќта на вештерките со цел да привлече посетители. Меѓутоа, нивните реклами за овој настан се соочуваат со многу поплаки од јавноста. Оваа година, некои од нивните клипови беа забранети. Еден од забранетите клипови сега кружи низ ЈуТјуб и привлече доста внимание на локалните блогови и форуми.

Ова видео е за опседнат лифт во кој дете, кое е малтретирано од образовниот систем, ја прашува неговата постара сестра за неговиот извештај со оценки од училиштето. Во видеото се ископирани страшните јапонски очи на духот. Не кликнувајте на видеото подолу доколку сте со слабо срце 🙂

Чарлиз мисли дека видеото воопшто не е страшно и се прашува зошто владата го има забрането. Меѓутоа, Риан мисли дека видеото е навистина страшно:

Кога првпат го гледав, морници ми поминаа низ телото! Локацијата е станбена зграда во Хонгконг и сите во Хонгконг се запознаени со распоредот на просторот. Толку многу приказни за духови се поврзани со станбени згради. Колку е попознато местото, толку полошо се чувствуваш, бидејќи настојуваш да го поврзеш со своето искуство.

Мискју мисли дека рекламата е многу успешна иако е забранета:

Иако е забранета, има многу добар ефект на интернет. Самата забрана привлече многу внимание. Луѓето како мене (оние со слабо срце) немаше да го гледаат доколку не беше забрането видео. Сигурно нема да не го видите. Тоа е добра стратегија.

Меѓутоа, кружењето на забранетото видео може да падне во стапица на локалниот закон за цензура. Владината дирекција за дозволи за телевизија и забава може да им испрати опомени на локалните сервис провајдери или да го предаде осомничениот „непристоен“ и „безобразен“ онлајн напис на класифицирање на судот за непристојни написи. Кружењето на „непристоен“ материјал низ јавната публика е криминален акт и за тоа следува казна од 400 000 хонгконшки долари и 12 месечна затворска казна за прв прекршок, а за следен прекршок казна од 800 000 хонгконшки долари и 12 месеци затвор.

Дали владината дирекција ќе ги предупреди Ocean park и Јутјуб? Веројатно не, бидејќи Ocean park е влијателен локален бизнис и таквата практика би ја убила интернет слободата. Меѓутоа, како дирекцијата треба да се справува со двојниот стандард за интернет цензурата? Како овој случај?

Владата, минатата година, реши да ја провери контролата на статутот за бесмислени написи и веројатно ќе го изнесе својот заклучок овој месец. Да почекаме и да видиме како се справува со интернет цензурата во нацрт планот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.