Интернационален поглед за изборите во САД

Како што се наближуваат американските избори, интернационалното внимание кон надворешната политика на САД и нејзините кандидати се зголемува. Проектите како Collective Journalism (Колективно новинарство) на Current TV (Актуелна телевизија) и Voices Without Votes (Гласови без право на глас) на Глобал војсис ја преземаа обврската да ги собираат овие информации и да ја донесат глобалната перспектива на локално ниво.

Програмата Колективно новинарство започна серија од видео репортажи од погледите на светот за САД. Во „Поглед од онаму“, луѓе од многу различни држави ги искажуваат своите ставови за надворешната политика, војната во Ирак, ситуацијата со Иран и кажуваат кој би сакале да биде следниот претседател на САД. Видео интервјуата се понекогаш на различни јазици, но сите се титлувани на англиски.

Ова видео исто така користи снимки од друга емисија за изборите во САД 2008, но овој пат се концентрира на странската перспектива. Ова е слично на она што Глобал војсес и Ројтерс го прават веќе некое време со Гласови без право на глас: собирање на ставови од целиот свет за изборите во САД. Доколку имате некој пост кој би сакале да го објавите на овој сајт може тоа да го направите тука.

Следната задача на проектот Колективното новинарство ќе биде светското мислење за имиграциските полиси на САД.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.