Југоисточна Азија: Интернетот и национализмот

Интернетот се повеќе се користи од многу луѓе од Југоисточна Азија за најразлични националистички кампањи. Дури и владините лидери максимално го искористуваат кибер просторот за промовирање на заедништвото и патриотизмот во нивните земји.

Овој тренд е охрабрувачки бидејќи им дава на обичните граѓани шанса да се изразат во смисла на припадност кон нивната поширока заедница. Меѓутоа, постојат ултра-националистички онлајн иницијативи кои го спречуваат создавањето на регионална солидарност во Југоисточна Азија.

Можеби најконтроверзниот веб сајт во Индокина денес е ilovethailand.org. Овој веб сајт е креиран од тајландскиот премиер за да ја подигне меѓународната репутација на земјата. Веб сајтот исто така цели кон обединување и инспирирање на Тајландците, од кои многумина се разочарани од препирките помеѓу највисоките политички сили во земјата.

Chang Noi ја идентификува кампањата на веб сајтот како техника за масовна пропаганда:

Ниту една кампања не признава дека мора да постојат реални причини за тие поделби. Ниту една кампања не предлага никакво решение за ваквите причини. Ниту една кампања не признава дека луѓето влегле во политичкиот активизам затоа што сметаат дека тоа е нивна граѓанска должност и затоа што во срцето ги носат интересите на државата. Тие сакаат да ги сокријат вистинските проблеми под тепихот каде што тие ќе гнојат и ферментираат.

Веб сајтот предизвика контроверзии поради тоа што тврди дека делови од Камбоџа се Тајландска “изгубена територија”.

Камбоџа и Тајланд веќе неколку декади наназад се расправаат за сопствеништвото врз античкиот Preah Vihear Temple. Оваа територијална расправа доведе до неколку насилни судири помеѓу граничните патроли на двете соседни држави.

Многу блогери го изразија своето разочарување затоа што тајландската влада избрала да ја обединува земјата преку провоцирање на конфликти со другите нации во регионот. Тие веруваат дека нетизените не треба да ја поддржуваат ваквата погрешна верзија на национализмот.

Како и што се очекуваше, камбоџиската влада испрати дипломатски протест поради креирањето на овој веб сајт. Тоа исто така доведе до креирање на про-камбоџиски веб сајт ilovekhmer.org. Овој сајт цели кон откривање на лажните изјави кои наводно биле најдени на ilovethailand.org.

И двата веб сајта, ilovethailand.org и ilovekhmer.org, станаа многу популарни веб портали во Тајланд и Камбоџа. И додека позитивно е тоа што двете земји нивните гранични судири ги пренесоа во кибер арената, негативното е во тоа што оваа виртуелна војна исто така создаде расистички чувства  во двете земји.

Малезискиот премиер е друг лидер кој го видел потенцијалот на користењето на интернетот за постигнување на обединето општество. Настрана од блогирањето и Twitter неговите секојдневни активности, премиерот Najib Abdul Razak го покрена 1Malaysia.com.my да служи како “интерактивна  платформа” помеѓу лидерите и неговите гласачи. “1Malaysia: Луѓето први, изведбата сега” е слоганот на кампањата на премиерот.

Во меѓувреме, про-демократските активисти во Малезија покренаа своја кибер кампања на тема “1BlackMalaysia: Демократијата прва, избори сега.” Тие веруваат дека новиот лидер ги заборавил демократските институции во Малезија. На почетокот на овој месец, група формирана на Facebook и блог страници ги охрабруваат Малезијците да креираат и поставуваат плакати  “Каде е демократијата?” на веб.

Индонезија потврди дека националната трагедија може да ги обедини нетизенитe. Часови после смртоносната експлозија која ја погоди Џакарта минатиот месец, индонезиските корисници на Twitter започнаа со испраќање пораки “Ние не се плашиме”. Неколку денови, #indonesiaunite стана најпопуларна тема на Твитер. Корисниците од Plurk и Facebook ги сменија нивните аватари со земање на црвените и белите симболи од индонезиското знаме. Локалните блогери ја открија корисноста од употребата на микроблогирањето за да ги инспирираат луѓето за акција. Аналитичарите беа импресионирани дека политичките млади Индонезијци им се придружија на останатите загрижени Индонезијци во осудата на терористичкиот напад во Џакарта.

На почетокот на годината на Филипините се собраа донации за жртвите од поплавите во Минданао преку  paypal. Во чест на поранешниот претседател кој почина минатиот викенд, корисниците на Twitter додадоа жолти ленти на сликите на профилите. Онлајн петициите против предлогот за менување на уставот на земјата од 1987 година собраа сто илјадници потписи и поддржувачи, посебно на  Facebook.

Постојат енергични кампањи и лоби напори за добивање поголема слобода на интернет во Виетнам. Веб кампањите покажуваат дека поддршката за мианмарската опозициска икона Aung San Suu Kyi е бројна. Брунејските блогери организираа различни активности за собирање на средства за поддршка на спортските тимови, жртвите од поплавите и еколошките групи.

Причината за национализмот е популарна но контроверзна тема на интернет.
Политичарите и анти-владините групи во Југоисточна Азија беа конзистентни и упорни во максимизирањето на интернетот со цел напредок на националистичките кампањи. Овој веб феномен досега е позитивен во тоа што го прошири и подобри политичкото учество на обичните граѓани. Но, е контрапродуктивен кога предизвикува расизам и ксенофобија.

Исто така е мошне невкусно кога политичарите го користат вебот за да ги сокријат своите недела преку промовирање на сомнителни националистички застапувања. Интернетот останува силна алатка и платформа за искрените индивидуалци и групи за промовирање на сериозни теми како национализмот. Нетизените од регионот не смеат да дозволат некои индивидуалци да го победат еманципаторскиот потенцијал на широко распространетиот веб.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.