Еквадор продолжува да се соочува со вирусот H1N1

Бројот на смртни случаи од вирусот на грип од типот A H1N1 достигна 1300 низ Латинска Aмерика, правејќи го регионот најмногу погоден од овој вирус. Јужната хемисфера страда посебно од брзото ширење на вирусот, какo последица на невообичаено ниските зимски температури и во многу земји бројот на заболени од AH1N1 го надмина бројот на заболени од обичниот вирус на грип. Дури и земјите од Меркосур неодамна разговараа за овој проблем за време на нивниот неодамнешен самит [шпански].

Еквадор е една од земјите која што мораше да се соочи со реалноста на овој вирус. Според најновите бројки на Министерството за Јавно Здравство [шпански], до 15 август, имало 23 смртни случаи и приближно 800 заразени со грипот.

Неговиот удар врз здравствените центри во земјата останува на средно ниво и според Министерството за здравство “побарувачката на медицински услуги е над нормалното ниво, но се уште е под максималниот капацитет на здравствените сервиси”. Исто така имаше и превентивни мерки како што се “привремените суспензии”[шпански] на анти-вирусните реклами бидејќи значителен процент од смртните случаи биле предзвикани од компликации поради користењето на овие лекови без рецепт.

Јавната перцепција на владиното менаџирање и ширењето на информациите од традиционалните медиуми беше прифатлива, како и мислењето на блогот Annyland [шпански] кој пишува:

Ya haciendo un análisis de lo que he visto en otro diarios electrónicos nacionales, uno de los que más información e importancia le da al caso de la Influenza es El Universo, así como el Hoy en su página principal existe una opción que la llaman Gripe Porcina. Al contrario del diario El Telégrafo.

En mi opinión los medio en Internet están dando buena información, acerca de la situación de la Influenza AH1N1 en el país, incluso existen muy buenas notas donde se dan recomendaciones, se informa el origen de la enfermedad y la realidad o los sucesos que pasaron otros países con respecto a este tema que ha acogido la atención a nivel mundial.

Правејќи анализа на она што го имам видено во другите онлајн национални весници, еден од весниците кој дава најмногу информации и му дава значење на прашањето е El Universo, исто така и во весникот Hoy тие даваат мислење на главната страна во кое се вели: “Свински грип”. Ова е спротивно од она што весникот El Telégrafo го прави.

Мое мислење е дека, многу од добрите информации за ситуацијата со AH1N1  вирусот во Еквадор беа дадени онлајн, исто така има добри написи кои даваат одредени препораки, потеклото на болеста и реалноста или настаните кои се случуваат во другите земји кои се однесуваат на оваа тема.

Дури и претстедателот на  Еквадор Рафаел Кореа беше под медицинско набљудување кога според Заменик Министерот за Здравство Марчело Агуилар, член од тимот за обезбедување се зарази со вирусот AH1N1. Сепак, кај еден член од кабинетот беше потврдено пристуството на вирусот.

Раул Фариас блогер и авторот на Al Lado del Camino [шпански] пишува за некои блиски средби по враќањето во Еквадор откако одредено време поминал во Јужна Америка:

En Guayaquil, el calor me hizo sentir a salvo hasta hace dos viernes, cuando después de un concierto me encontré con el Ministro Ricardo Patiño y hablé un par de palabras con él sobre unos proyectos (a veces te toca bailar con el diablo). El mismo día mi hermana llegó con los ojos reventados, la garganta inflamada y con malestar de cuerpo. Dos días después me enteré que Patiño era portador de la gripe AH1N1 al igual que el presidente de Costa Rica. La cagada, esta gripe no tiene preferencias, me dije enseguida… Ya han pasado quince días desde el último encuentro con la plaga y no hay síntomas. Si esta es una pandemia al estilo I am legend, donde perecerá una parte importante de la raza humana, después de algunos roces con la enfermedad, creo estar entre los elegidos para salvarse. Eso pienso mientras un moco se me sale de la nariz.

Во Гуајакил, топлината направи да се чувствувам сигурно се до пред два петоци, кога после концерт, се запознав со министер од владата Рикардо Патино и зборувавме околу некои проекти (некогаш имаш потреба да играш со ѓаволот). Истиот ден мојата сестра пристигна со нејзините сцрвенети очи, воспалено грло и со болки во телото. После два  дена, дознав  дека Патино бил заразен со вирусот AH1N1 како и претседателот на Коста Рика. Лошата работа е што вирусот нема преференци, си реков себе си. Поминаа 15 денови од последниот состанок со вирусот и нема никакви симптоми. Ако ова е  пандемија како онаа од филмот “Јас сум легенда”, кога голем дел од попупулацијата исчезнува после мал допир со болеста, мислам дека јас сум помеѓу оние избраните. Ова е она што јас го мислам, во меѓувреме мојот нос почнува да тече.

Малата слика од насловната страна е од Гуеру – Морено.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.