Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мароко: Славење за првата жена градоначалник

Мароканските избори од пред две недели завршија со изненадувачки резултати и беа примени со измешани реакции, како што истакнува Хишам тука. Еден таков резултат беше изборот на жена за градоначалник на Маракеш за прв пат во историјата. Фатиме Захра Мансури, која има учено право, е втората жена на оваа позиција (прва е Асма Чаби, градоначалник на Есауира, во 2003 година).

Блогерите во најголем дел беа возбудени за Мансури. Познатиот блогер The View From Fez ги објави вестите:

Триесет и три годишната адвокатка во понеделникот стана првата жена градоначалник на Маракеш, еден од најголемите градови на Мароко и клучна туристичка дестинација.

Фатима Захра Мансури го победи гладоначалник во заминување Омар Џазули со 54 гласа наспрема 35 на гласањето на општинскиот одбор во понеделникот, станувајќи првата жена градоначалник во Мароко по Асма Чаби, градоначалник на Есауира.

Maghreb Blog исто така коментираше:

Само дел од најновите вести од Маракеш: Првата жена градоначалник во Мароко беше изгласана на состанокот на Советот на црвениот град (Маракеш). Фатима Захра ал-Мансури, триесет и три годишна адвокатка од Партијата на автентичност и модернитет, ќе ја преземе новата одговорност наредниве шест години, заменувајќи го Омар Јазули, кој го држеше кормилото во Маракеш 12 години. Al-Arabiya известува дека Шеик Бијаделах, генералниот секретар на ПАМ (Партија на автентичност и модернитет) изјавил дека резултатот на овие избори: „ја покажуваат сликата на модерниот Мароко.“

На Twitter беа споделени реакции за изборот на Мансури, како и за изборот на многубројни други жени на места на општинските одбори. Од Ерусалим:

3 406 жени избрани на општинските избори минатиот петок, вклучувајќи ја и оваа девојка облечена во маичка и фармерки

Мароканецот Абделилах Букили истакна на Twitter дека иако има само две жени избрани за градоначалник во Мароко, постојат многу Мароканки кои ги држат најдобрите работни места во малите градови.

@jilliancyork Во Мароко терминот градоначалник се однесува на раководители на градски совети на градови со повеќе од 350 000 жители

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.