Гана: Новите медиуми во рацете на младите
Имав можност да го интервјуирам г-дин Мајкл Боампонг, извршниот директор на Young people we care (Млади луѓе ние се грижиме), чие седиште е во Кумаси, Гана. Од секој поглед, YPWC не е обична невладина организација и Мајкл не е обичен млад човек. Управувана од млади, за млади, YPWC се пoврзува преку медиумите со истомисленици и организации ширум светот за да ги подобри можностите за младите луѓе во Гана.
Добредојде Мајкл. Можеш ли да ни кажеш нешто повеќе за себе?
Јас сум основачот и во моментов работам како извршен директор на Young people we care (YPWC). Имам завршено четиригодишни додипломски студии на Универзитетот на Кејп Коуст. Главни предмети ми беа економија и географија и имам диплома по општествени науки. Страсно верувам во еманципацијата и мислам дека младите луѓе треба сега да се еманципираат за да обезбедат посвелтла иднина за сите.
Јас сум исто така член на советодавниот одбор на Парламентот на млади во Бангладеш и претставник на земјата во Рурални гласови на младината на УНИЦЕФ. Во моментов работам и на Програмата на Обединетите Нации за развој во Гана.
Па, кажи ми нешто повеќе за YPWC?
YPWC е создадена во 2005 година и е организација предводена од млади, за млади. Седиштето се наоѓа во Гана, а има сателит канцеларии во Велика Британија и Канада. Организацијата е управувана од млади луѓе, од десет до триесет и пет годишна воздраст, како и од возрасни партнери ширум светот кои работат на проблеми поврзани со млади и со развој.
Кажи ми, те молам, кои се главните цели на YPWC?
Во основа, нашата цел е да образоваме, информираме и инспирираме млади учесници за глобални прашања, да изградиме одржливи партнерства насочени кон развој на младите и да им обезбедиме средства и извори на младите луѓе за да можат самите да преземат акции.
Веруваме дека преку информирање и вклучување на младите, тие ќе бидат испирирани да учествуваат и да дејствуваат за подобрување на нивните локални заедници. На пример, ние, со спонзорство од Дизни, отворивме работилници за подобрување на комуникациските способнисти и за пишување на извештаи за младите во зафрлените региони на Гана, што може да изгледа необично, но всушност е прекрасно да се видат младите од тие области како се организираат сами и како реагираат на овој поттик.
И веруваме дека на овој начин можеме да го промениме светот. Така, се обидуваме да создадеме платформа на која младите ќе можат да го преобразат наученото во акција и да ги вклучиме во донесувањето одлуки на клучни глобални прашања и прашања за развој.
Знам дека имате волонтерска онлајн програма која е во подем. Како функционира таа?
Онлајн волонтерската програма им дава можност на доброволците „виртуелно“ да дадат поддршка и помош, или, со други зборови, тие волонтираат преку интернет. Виртуелната интернет програма е иновативна и, се разбира, рентабилна за сите кои се вклучени. Волонтерите можат да работат од секаде и не мораат да патуваат дури до Гана за да помогнат; тие можат да волонтираат во пижами во својот дом или пак на кое било место од светот.
Кога почна програмата?
Нашата онлајн волонтерска програма започна преку UN Online Volunteering (Програма за онлајн волонтирње на ОН) во 2006. Можете на видите дека страницата е поделена на два дела: еден за доброволците и друг за организациите.
Што ве мотивираше да почнете со онлајн волонтерска програма?
Кога почнав со YPWC, тешко им беше на патнерите да ни веруваат бидејќи немавме досиe на успешен проект менаџмент на кое можевме да се потпреме. Сфатив дека ќе биде тешко да се мобилизараат средства за организацијата да почне со работа и решив да побарам помош од онлајн екперти за работи како што се дизајн на веб страница и на брошурата. Ова нормално би чинело значителна сума на пари. Тогаш наидов на програмата UN Online Volunteering која ни беше од голема помош. Сега, месечните писма, како и ажурирањето на веб страницата на YPWC се вршат од онлајн доброволци на ОН. Во август 2008 година, како признание на помошта на UN Online Volunteering, билтенот на оваа програма посвети место и за YPWC. Искрено, помошта и знаењето кое ни го дадоа виртуалните доброволци го промени ликот на YPWC. Тоа ни обезбеди поголеми можности и беше корисно за нас и за оние со кои работиме, и покрај ограничената парична помош која ја добивме од оранизациите донатори и од поединци. Денес, ние сè уште работиме со онлајн доброволци.
На кој начин работи тоа?
Повремено објавуваме можности за волонтирање на официјалната страница на YPWC или на странцита на UN Online Volunteer. Стапуваме во контакт со заинтерсираните доброволци кои ги исполнуваат критериумите за одреден проект или задача и им давамe конечен распоред на работа како и секаков вид на поддршка што би им притребала. Одлично е што тие можат да бидат во секој мал или голем град низ светот и да помагаат. Можете да работите како виртуелен доброволец без да излезете од вашиот дом; сè што ви е потребно е интернет врска на вашиот компјутер. Имамe онлајн група на доброволците и таму дискутираме, повторно проверуваме работи и планираме.
Што работат тие?
Во изминативе месеци, нашите доброволци помогнаа во создавањето на двомесечни билтени, во одржување на онлајн дискусии на темата миграција, коригирање на документи, како и помош со создавањето на веб страницата и нејзино управување. Во моментов тие помагаат и во создавањето на водич на Младинска акција.
Ако некој сака да знае повеќе околу ова, може да стапат во контакт со Шимрит Џејнс, еден од главните доброволци на оваа адреса Janes@ypwc.org
Како комуницирате меѓусебно?
Комуницираме преку е-пошта, како и преку општествени мрежи. Кога има нешто итно, се јавуваме преку скајп или пак си праќаме инстант пораки.
Која е твојата улога во онлајн групата?
Работам со персоналот на YPWC за да отворам можности за онлајн доброволците. Им помагам на онлајн доборволците кога ќе имаат потреба од дополнителни детали за волонтерските можности. Обезбедувам инпут за да се осигураме дека алатките и материјалите кои се изработуваат ќе бидат во согласност со целите на проектот за кој тие се создаваат.
Од кои земји доаѓаат доброволците?
Тие доаѓаат од сите страни на светот: Велика Британија, Канада, Камерун, Филипините, Бангладеш, Нигерија, Бугарија, Индија и од САД.
Спомена дека создаваш блог; можеш ли да ни кажеш нешто околу тоа?
Знаеме дека блогот е многу ефикасно средство за споделување и ширење на знаења и идеи, особено за оние кои по традиција немаат „глас“- а тоа обично е младината. Така, нашиот YPWC блог е создаден за да исполнува една од нашите главни цели: да им обезбеди на идните водачи „млад глас“.
Го охрабруваме персоналот на YPWC, доброволците и пријателите да пишуваат и да учествуваат во дискусиите кои се однесуваат на тематски области од работата на YPWC како што се на пример младата генерација и миграцијата. Се надеваме дека тоа ќе создаде постојана платформа преку која ќе ја изложуваме работата на YPWC, како и оние што се поврзани со неа.
Во моментов покануваме писатели да нè посетат и да напишат нешто. Ако сте заинтересирани, ве молам посетете ја нашата инфо страница за повеќе детали.
На кој начин ќе фунционира? Што се надевате да добиете од ова?
Бараме оригинални содржини. Имаме водич за тоа како треба да се оставаат коментари кој се доделува штом прифатите да оставите коментар, заедно со дозвола од сопствениците на авторски права пред поставување на материјали заштитени со авторски права, како и проверување на факти пред нивно поставување на страницата- сите вообичаени предуслови. Дозволуваме поставување на коментарите од нашиот блог на друго место, доколку за тоа YPWC ги добие заслугите и се постви линкот на нашиот блог.
Блогот е управуван од онлајн менаџерот на заедницата на YPWC кој можете да го добиете на адресата Oluwakorede.Asuni@ypwc.org
Дали се поврзувате мрежно со други блогери од Гана ?
Засега не сме поврзани со ниеден гански блогер, што се надеваме дека ќе го промениме. Примивме барање за поврзување од нигериски блогери, што е одлично.
Дали користите алатки на општествените медиуми како што е Твитер или некој друг? Доколку тоа е случајот, кои се тие?
Во моментов, нашата најактивна општествена мрежа е Фејсбук. Можете да ја погледнете нашата страница овде.
Што е со твојата иднина Мајкл?
Се надевам дека ќе се специјализирам за миграциски прашања во иднина и дека ќе продолжам да се поврзувам со младите луѓе насекаде низ светот за да преземаме акции за промена.
Ти благодарам за времето што го помина со нас, за фантастичните искуства што ги сподели со нас за работата со младите луѓе во Гана и што ни кажа како ги користиш новите медиуми.
Категории

Најнови написи од Супсахарска Африка
Започни ја конверзацијата
Категории
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!