Азербејџан: Жалбата на блогерите е одбиена

Media Helping Media известува дека жалбите на Аднан Хајизаде и Емин Мили, двајцата видео блогери и младински активисти моментално во истражен затвор во Азербејџан по обвиенија кои по се изгледа се политични мотивирани , вчера беа одбиени.

Последната судска акција беше жалба поради нарушувањето нa претпоставката за невиност од спроведувачите на законот пред да биде извршена соодветна истрага и да биде реализирано судењето.

Се очекува судењето да се одржи некаде околу 8 септември. Ако бидат осудени за виновни ќе се соочат со две и пол години затвор.

Одбиената жалба беше твитирана од  OL! Youth Movement. Едниот од двајцата, Аднан Хајизаде, е основач на групата.

ol_tweet

Денес во 15.30 судот во Себаил ќе ја разгледа жалбата од Аднан Хајизада и Емин Мили против кршењето на претпоставката за невиност. Судот ја одби жалбата.

Во меѓувреме блогот на  OL! вели дека младинското движење  Albanian Mjaft! се приклучи заедно со десетици меѓународни организации и групи во осудувањето на притворот на блогерите активисти.

Mjaft забележува дека во овој момент прашањето не е само едноставно да се критикува ситуацијата, но да се понуди директна поддршка на оние “кои стојат зад вредностите во кои веруваме сите”.  Mjaft  ги поддржува Аднан и Емин велејќи : “ова не е изолирана борба на активистите во Азербејџан. Ова е наша честа борба за разбивање на нашето минато политичко наследство.”

Друга организација која одблиску го следи случајот е Новинари без граници која исто така  ја рашири веста за одбивањето на жалбата на нивниот блог и исто така фрли сенка на сомнеж околу законитоста на акцијата против двајцата мажи.

Двајцата блогери беа притворени два месеци чекајќи го судењето  од јасно напумпани обвиненија за хулиганство. Според дипломатски извори , претседателот Илхам Алијев ги нарекол  “хулигани” за време на состанок со официјална делегација од Организацијата за Безбедност и соработка на Европа.

На двајцата блогери од времето кога се уапсени 8 јули се уште не им е дозволено да примаат посета од нивните семејства. Денешното сослушување беше зад затворени врати.  Адвокатот Изакан Ашуров дека ќе ја обжали денешната пресуда.

Во неодамнешното интервју со Global Voices Online, Генералниот секретар на Интернационалната Федерација на Либералната младина (IFLRY) Барт Вурд рече дека верува одлуката да се осудат двајцата блогери-активисти на две или три години затвор веќе е донесена.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.