Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Иран: Протестите инспирараат уметност

Иранци и странци и понатаму создаваат онлајн уметнички дела за поддршка на Иранците кои протестираа на 12 јуни против резултатите од иранските претседателски избори.

Минатата недела издадовме повеќе примери во кои „уметноста и протестот се соединуваат“.

Тим Рејнс, американски уметник, создаде еден дизајн во кој искажува солидарност со протестантите.

Дизајнот на Хамед Пурабедин се однесува на загинатите ирански протестанти од минативе две недели. Тој упатува на тоа дека убивањето на протестанти само го зацвстува движењето.

Иранскиот блогер Елика Хeдaјат ги споделува своите уметнички дела на нејзината лична Фејсбук страница.

И овој дизајн е од Елика Хедајат. На персиски е напишан еден протестантски слоган: „Не плашете се, сите сме заедно.“

Нико споделува еден оригинален дизајн од неговиот пријател Патрик:

Ирански уметник свири на пијано и пее во чест на Неда Ага Солтан, млада девојка која беше погодена и убиена за време на постизборните демонстрации во Техеран на 20 јуни. Повеќе од 36 900 посетители ја имаат видено оваа снимка:

Погледнете го специјалната страница на Глобал Војсес за иранските избори од 2009.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.