Парагвај: Анимираниот филм „Sebastian's Voodoo“ победи на Кан

Парагвајците слават бидејќи еден од нив, режисерот и аниматорот Жоакин Болдвин (Joaquin Baldwin), ја доби првата награда во натпреварот за краток онлајн филм, одржан во рамките на Канскиот филмски фестивал. Пријавениот филм, Sebastian's Voodoo (Вуду на Себастијан), беше креиран користејќи компјутерска анимација и победи 9 други финалисти за време на онлајн гласањето.

Според страната на Болдвин, 4 минутниот филм накратко може да се раскаже како: „вуду-кукла мора да најде храброст да ги спаси неговите пријатели од смрт со прободување.“



Уште откако филмот беше назначен за финалист, парагвајските блогери, како Мике Силверо од Sin Ánimo de Ofender [шпански] почнаа да го подржуваат филмот и да ги охрабруваат гласачите. Болдвин го искористи неговиот Twitter профил за да пренесува новости со гласањето, како и за најавата на финалните резултати :

Победивме на Кан! Со огромна разлика од 2100 гласови! Погледнете ги резултатите на http://pixelnitrate.com (кликнете на линкот под банерот)

José Ángel López Barrios го поздравува изборот и коментира за неговите омилени аспекти од краткиот филм [шпански]:

Muy buena la selección… La animación tiene todo lo necesario, misterio, encanto, suspenso y una enseñanza.. La técnica y la iluminación van a la par, la compaginación de todo este material es posible gracias a las nuevas tecnologías que permiten el cauce creador hasta en ínfimos matices, por ejemplo las texturas… excelente selección!!!

Тоа беше добар избор … Анимацијата имаше се, мистерија, шарм, неизвеснот и поука… Техничките аспекти и осветлување беа на ниво, а комбинацијата од сите тие материјали е достапна од новата технологија, која овозможува креативност, дури и во најситни детали, на пример, во текстурата… одличен избор!!!

Друг блогер, Карлос Родригес од Rescatar [шпански] мисли дека треба да се признае талентот на Болдвин, нешто што се пропушта во парагвајското општество:

En estos tiempos en que cuestionamos el mal uso del talento para hacer el mal, cometemos el error de minimizar a los que hacen un uso positivo de sus habilidades y conocimientos. Es momento de aplaudir a Joaquín Baldwin por su premiación en Cannes por dar una espectacular animación a un muñeco con piel de arpillera

(…)

Брилијантно БолдвинБрилијантно БолдвинBrillante Baldwin. No paremos hasta el Oscar.

Во овие времиња кога ги ставаме под прашање слабото користење на талентот за бескорисни причини, ја правиме грешката да ги потцениме оние кои ги користат своите вештини и знаења за позитивни цели. Време е да му честитаме на Жоакин Болдвин за неговата награда на Кан и за создавањето на спектакуларна анимација од кукли со кожа од ткаенина.

(…)

Брилијантно, Болдвин. Да не запираш додека не добиеш Оскар.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.