Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

Циклонот Наргис во Мианмар: Година потоа

Смртоносен циклон удри во јужната Мианмарска делта Иравади во мај 2008, од кој беа зафатени повеќе од 2 милиони луѓе. Проценето беше дека 138,000 луѓе загинаа и 200,000 луѓе беа исчезнати после ударот на циклонот. Сега, една година после трагедијата од циклонот Наргис, преживеаните се уште страдаат додека обидите за обнова остануваат недолни. Се уште се потребни донатори со цел да им се помогне на преживеаните од циклонот.

Многу од преживеаните страдаат од длабок психо-социјален стрес, но само 11 проценти од нив добиле медицинска помош. Повеќе од 40% од бездомниците се деца; повеќето од нив се подложни на маларија и пневмонија.

Многу преживуваат со ловење на глодари по полињата. Исто така се известува дека проституцијата е во пораст во Делтата бидејќи економската ситуација продолжува да се влошува.

Повеќе од половината од преживеаните се уште зависат од помошта дадена од хуманитарните групи. Задолженоста останува голем проблем за жителите во Делтата:

According to the United Nations World Food Program, 51 percent of households reported that they are still relying on food aid from humanitarian agencies, while only 25 percent said they could feed themselves…About 83 percent of households said they have been in debt through the purchase of rice.

Според Светската програма за храна на Обединетите нации, 51% од домаќинствата известиле дека се уште се потпираат за помош од храна од хуманитарните агенции, додека само 25% се изјасниле дека можат да се прехрануваат самите. … Околу 83% од домаќинствата велат дека се во долг поради купување на ориз.

Беше известено дека за време на првата годишнина од Циклонот Наргис, Мианмарскиoт новинарски надзор и Одделот за регистрација ги цензорирале написите за вистинската состојба во обласите погодени од циклонот.

Групата Пријатели на Бурма бараше владата да биде по транспарeнтна во напорите да се помогне на Делта регионот. Тие исто така побараа слобода за политичките затвореници кои беа притворени заради организирање на хуманитарни мисии минатата година:

We want to demand the Burmese government to open more for relief and recovery in the effected area with transparency and respect to human rights.

We demand for releasing 21 prisoners that have been arrested due to relief work

Бараме од владата на Бурма да се отвори повеќе за помош и обнова во зафатените области со транспарентност и со почит кон човековите права.
Ние бараме да се ослободат 21 затвореник кои беа уапсени поради хуманитарна работа.

И покрај напорите на меѓународните групи за собирање средства за Мианмар, помошта останува недоволна. Обединетите нации известија дека повеќе од 691 милиони американски долари се потребни за да се одржат  хуманитарните мисии во Мианмар.

Набљудувачите забележуваат дека донациите за Мианмар се многу мали споредени со она што земјите го донирале за време на цунами катастрофата во 2004. Мианмар примил 300 милиони американски долари од кои 2,5% биле потрошени во цунамито 2004.

Хуманитарните работници се жалат на тешкотиите на кои наишле додека ја носеле помошта во внатрешноста на Мианмар:

Difficulties encountered by aid workers: logistical; the difficulties and dangers of reaching villages only by small boats, navigating the tides and the weather of the Delta. Note visa restrictions, travel restrictions, and the government stealing supplies….

Тешкотии на кои наишле хуманитарните работници: логистички; тешкотиите и опасноста поради можноста да се пристапи до некои села само во чамец, во навигацијата поради плимата и времето на Делтата. Забележани се и рестрикции за виза, рестрикции за патување и владата ги задржува залихите….

Едвард Хју од Хуманитарните операции од  MERCY Малезија пишува за проектите за обнова во Мианмар денес:

A year later, we have seen many projects up and running, many still in progress. But there are those who still suffer in silence. There is so much to be done. Many had use the Tsunami as a lesson to implement the intervention here.

A year has passed and most projects are yet to focus on sustainability but are still on emergency intervention. I have seen many shelter projects that may not survive the next thunderstorm. For example, latrines built with tarpaulin sheets instead of local materials like bamboo, a sturdier choice which is easy to maintain.

Една година подоцна видовме многу проекти кои почнуваат и траат, многу се уште во тек. Но, има многу кои страдаат во тишина. Има уште толку многу што треба да се направи. Многу го искористија Цунамито како лекција за имлементирање на интервенција овде.
Годината помина, а многу проекти допрва треба да се фокусираат на одржливоста бидејќи се уште се на итна интервенција. Сум видел многу проекти за засолништа кои нема да ја преживеат следната бура. На пример, полски клозети направени од церада наместо од локални материјали како бамбусот, кој е подобар избор и полесен за одржување.

За најнови вести за годишнината од Циклонот Наргис погледнете ги овие сајтови кои имаат посебни страници во кои се известува за состојбата во Делтата: The Irrawaddy, Mizzima, и A Diary of the Cyclone Nargis.

Запознај се со приказната на Daw San Yee која го преживеала циклонот преку ова видео од YouTube:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.