Најмалку единаесет луѓе загинаа, а триесет луѓе се повредени за време на меѓународниот музички фестивал „Маузин“ во Рабат, главниот град на Мароко кој се одржа саботата навечер, на 23 мај.
Инцидентот се случил пред завршувањето на фестивалот поради паѓањето на металната ограда во стадионот Хај Нахда, каде имаше околу 70.000 гледачи.
На блогот: „Поглед од Фес“ се извести за овие вести, а блогерот Таха Балафреј искажа жалост за тажниот настан:
D’autant plus […] que le festival Mawazine, aujourd’hui endeuillé, s’est imposé par sa programmation, par l’engouement du public, par la qualité des prestations et des moyens techniques, comme l’évènement populaire et culturel par excellence de la capitale, du Maroc et peut-être même du continent.