Хондурас: Силен земјотрес ја потресе земјата

Во раните утрински часови на 28ми мај Хондурас го пробуди земјотрес, кој со јачина од 7.1 степени спрема Рихтерова скала ја потресе земјата. Епицентарот беше лоциран 130 километри североисточно од градот La Ceiba, долж брегот на Атланскиот Океан. Во 2:24 локално време, земјотресот ги натера жителите да ги напуштат своите домови во ноќта, како би биле посигурни. Потврдени беа 5 жртви, повеќе повредени, и полека се согледуваа штетите на земјината инфраструктура вклучувајќи згради, мостови и патишта.

Микроблогинг платформите како Blipea и Twitter беа меѓу првите кои известија за земјотресот преку корисниците во San Pedro Sula, Tegucigalpa и La Ceiba. Многумина кои известуваа за ситуацијата околу нив, ја користеа ознаката #temblorHN (земјотресХН).

Yamil Gonzalez @yamilg напиша:

hable con mi tia que vive en la ceiba dice que estuvo fuertísimo se asustaron bastante, los adornos y todo eso se cayeron al piso #temblorHN

Зборував со мојата тетка која живее во La Ceiba, рече беше силно и бевме исплашени, украсите и се друго испадна на подот #temblor HN

Roberto @roberto напиша:

yo escuchaba que el armario se mecía casi salgo corriendo a la calle

Слушнав како ормарите се нишаат и веднаш истрчав на улица

Jagbolanos @jagbolanos напиша:

Me desperto, estoy esperando por si hay replicas

Буден сум, чекам во случај да има последични потреси

Некои од блогерите  од Ходнурас не беа во можност навремено да ги ажурираат своите блогови поради прекинот на електричната енергија и интернетот во нивните региони. Како и да е, Janpedrano Blog [шпански] беше еден од првите кој овозможи информации за земјотресот, добивајќи податоци од неговите роднини и пријатели. Тој доби и телефонски повик од својот брат:

Mientras estaba al teléfono con el, mi messenger parecía árbol de navidad con mensaje tras mensaje de familiares y amigos en San Pedro Sula dejándome saber que es lo que estaba pasando. Incluso una amiga que vive en Suiza me mando un mensaje para ver si yo ya sabia del mismo. La palabra que creo fue el común denominador en todos estos mensajes fue “horrible”, ya que pues fue una sacudida que pues la mayor parte de la gente jamás había experimentado. Mi mama vive en Roatán por lo que la llame para ver como estaba, y pues igual fuera del susto estaba bien.

Додека разговарав со него, мојот (MSN) месинџер почна да наликува на Божиќно дрво од пораките на роднини и пријатели кој живеат во San Pedro Sula објаснувајќи ми што се случувало. Дури и пријател од Швајцарија ми испрати порака прашувајќи ме дали знам за ситуацијата. Зборот кој беше заеднички именител во сите тие пораки беше “ужасно” бидеќи ја шокира земјата и мнозинството од населението никогаш не почуствувало такво нешто претходно. Мојата мајка живее во Roatán и се јавив да видам како е, за среќа освен што беше уплашена, се друго беше во ред.

Тој истотака овозможи ажурирање преку целиот ден вклучуваќи ја и информацијата за рушењето на Мостот на демократијата, еден од најважните мостови во земјата [шпански].

La Gringa's Blogicito имаше одлагање во известувањето на нејзините впечатоци поради недостигот на електрична енергија и подоцна напиша дека тоа и бил нејзин прв земјотрес што го доживеала откако живее во Хондурас.

Born in Honduras и неговата шпанска верзија Nacer en Honduras [шпански] овозможија линкови од локалните весници. Покрај тоа, Interartix [шпански] приложи мапа на епицентарот и опасноста од цунами која беше објавена, но подоцна повлечена.

Повеќето веб-сајтови од националните весници правеа напор да останат онлајн поради зголемениот број на посетители, особено од Соединетите Држави и Шпанија кој бараа информација повеќе за нивните пријатели и фамилии.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.