· март, 2008

Написи за Виблог од март, 2008

Мадагаскар: Научени лекции по 3-тиот суров тропски циклон (Jokwe) за еден месец

Од втората половина на јануари, 3 сурови тропски циклони го погодија Мадагаскар, последниот од нив циклонот Џокве (Jokwe) создаде одронување на земја во северниот дел од Мадагаскар, уништи 40 домови и направи 400 луѓе бездомници во Носи Би (Nosy Be). Градот Антсиранана исто така беше погоден, но не толку екстензивно,...

Јужна Африка: Сагата на расистичкото видео од универзитетот Слободна Држава

Во последнава недела и половина постојано се подгрева ситуацијата за наизменичниот став на Јужна Африка против омразата и расизмот од било ков вид. Ситуацијата се вжешти кога четворица студенти од универзитет Слободна Држава направија расистичко видео во кое се гледа како универзитетскиот персонал за чистење јаде храна, која е уринирана...

Женскиот свет поседува половина од небото: Микс на поезија

  9 март 2008

За прославата за интернационалниот ден на жената, стипендист на Рајзинг Војсис и основач на Нари Џибон (Nari Jibon), Катрин Вард (Kathryn Ward), дојде до идеја за организирање на пријателско натпреварување во поезија, помеѓу блогерите на Рајзинг Војсис. На учесниците на десет граѓански медиумски проекти им беше дадено недела за да...

Иран: Студентите протестираат против поделба на половите

Во четвртокот, на 4 март, илјадници студенти го продолжија протестот во Универзитетот Шираз (Shiraz), против поделбата на половите. Студентите сакаат нивниот универзитет да стави крај на политиката која започна во февруари, со која се врши поделба на мажите и жените во посебни училници. Студентите исто така побараа оставка од директорот...

Ерменија: Самиздат & интернет

По 20-дневната вонредна состојба која беше прогласена во Ерменија кога избија судирите помеѓу безбедносните служби и приврзаниците на поранешниот претседател, Левон Тер-Петросијан на улиците на главниот град по оспорените претседателски избори на 19 февруари, пристапот до медиумите беше во голем степен ограничен. Според претседателскиот декрет, локалните медиуми сега може да...

Киргистан: Од Дедо Мраз манија до „Суботник“

Во последните две недели, од Киргистанската блогосфера се појавија неколку интересни статии, забавни и духовити коментари, како и весели фотографии од Првиот зимски фестивал на Дедо Мразовци во Киргистан. Фестивалот се одржуваше од 23 до 25 февруари и од една страна доби многу критики, а друга страна исмејување од киргистанските блогери.

Мјанмар: Блогер промовира онлајн Мјанмарски литературни ресурси

  3 март 2008

Nyi Lynn Seck на својот блог има објавено вест за откривање на онлајн библиотека за Мианмарска литература. Ресурсите се од Универзитетот на Вашингтон, а наоѓање на информации за Мианмарската историја, култура, археологија и литература претставува вистинка тешкотија.

Тоталното затемнување на месечината ги инспирира видео-блогерите

  1 март 2008

Видеа од различни земји го прикажуваат тоталното затемнување на месечината, во случај да сте го испуштиле или би сакале повторно да го доживеете тој момент. Единственото тотално затемнување на месечината оваа година се случи на 20 февруари, а следното ќе биде на 21 декември 2010. Затемнувањето на месечината е настан...