Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Африка: Блогери, видео блогери и видеа

Овој текст содржи краток поглед на Африка преку медиумските видеа на граѓаните. Од Боб (BoB) победници, до раскажувачи, документарци за артисти, филмови од нигерискиот Ноливуд (Nollywood) и многу други.

Current TV  African Bloggers Fight Against Bad Governance

Приказните во видеата на Уснико (Usnico) се многу интересни и добро обработени: едно видео раскажува за незгодите од поплавите на африканските бегалци, а друго видео, па самиот наслов кажува: Битките го оставија Чад во ужасна состојба. На блогот LookingGlassLand може да се најдат разновидни видеа, одбрани од Интернет Архивата на Видеа, меѓу кои спаѓаат: Камерунски раскажувач во Јаоунде [FR], промотивно видео на изборот за убавина на Уганда [EN], видео во кое италијанскиот фоторепортер Карла Кинели го раскажува своето искуство од фотографирање на жените од Буркина Фасо [IT].

Нигериски VCD-а во квакое од Паул Келер

 

Во многу афрички земји постојат успешни филмски индустрии. Меѓу нив спаѓаа Ноливуд, нигериска филмска индустрија. Kulture Klash International го презентира следново видео за организациската конференција на нигериската филмска индустрија, каде што се дискутира за американската дистрибуција на филмовите од Ноливуд. Ако сакате да дознаете повеќе за Ноливуд и неговите видеа, journeymanpictures има документарец од 2005 година во кој е објаснет процесот на креирање уникатни и нискобуџетни филмови.

Корисникот на ЈуТјуб, риплет, има поставено документарец во два дела за артистот Иса Нупхага (Issa Nyaphaga) од Камерун. Филмот од Крис Хил, овозможува артистот да ја раскаже својата приказна за тоа како научил да црта во рурално село од традиционален стил, како станал политички карикатурист и бил обвинет за игнорирање на цензура, што довело до негов азил во Франција, каде што подоцна говорел, во корист на бегалците, пред францускиот парламент по повод педесет годишнината на Женевската Конвенција.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.