Мадагаскар: Научени лекции по 3-тиот суров тропски циклон (Jokwe) за еден месец

Од втората половина на јануари, 3 сурови тропски циклони го погодија Мадагаскар, последниот од нив циклонот Џокве (Jokwe) создаде одронување на земја во северниот дел од Мадагаскар, уништи 40 домови и направи 400 луѓе бездомници во Носи Би (Nosy Be). Градот Антсиранана исто така беше погоден, но не толку екстензивно, а Џокве сега уништува домови по брегот на Мозамбик. Тажната игра на зборови дека моменталната сезона на циклони сепак е злобна шега (“Jok(w)e”) на природата ги поттикна блогерите да ги убедат властите на поадекватна подготвеност, со почит кон природните катастрофи. Со анализа на причините за големиот степен на штети откако ќе настане одронување на земјиштето, може да помогне во спречување на поголеми катастрофи, особено што 4-тиот тропски циклон, Камба, веќе се формира на 700 милји источно од Мадагаскар.

(слика од планета вивант)

Мари Софи (на француски) и Томавана (на малгашки) ги наведуваат причините за големите оштетувања кои се предизвикуваат од циклоните во Мадагаскар:

Според Томавана (mg):

Атмосферски врнежи [..], покачување на морското ниво [..], јачината на океанските бранови предизвикани од бурата [..] и силниот ветер [..] се 4-те главни причини за разурнување.

Мари Софи објаснува дека (fr):

Често не само човековата загуба е важна (6,000 жртви во просек годишно), потребно е некој да го земе во предвид и бројот на бездомници […] При превенција од циклон домовите во најголем број на случаи не се планираат [..] Економските последици од ваков тип на катастрофа исто имаат и важна улога во индиректните последици: прекин во комерцијалните летови и ферибродови или уништување на електричните водови, телефонските линии и цевководот [..] од еколошка перспектива, штетите може да бидат директни (уништување на шуми, поплави..), но исто и индиректно, загадување предизвикано од превртување на бродови во големи, индустриски несреќи и слично…

Џон посочува многу организации за помош и спасување каде може да се донира за жртвите од последните циклони.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.