Тоталното затемнување на месечината ги инспирира видео-блогерите

Видеа од различни земји го прикажуваат тоталното затемнување на месечината, во случај да сте го испуштиле или би сакале повторно да го доживеете тој момент. Единственото тотално затемнување на месечината оваа година се случи на 20 февруари, а следното ќе биде на 21 декември 2010.

Затемнувањето на месечината е настан кој се случува кога полна месечина минува низ сенката на земјата , а под тотално затемнување на месечината се подразбира дека таа поминува низ најтемните делови од сенката на земјата, позната како Умбра. Според НАСА, затемнувањето на месечината кое траеше три часа и дваесет и шест минути, беше видливо од Јужна Америка и поголемиот дел од Северна Америка (на 20 февруари), како и од Западна Европа, Африка и Западна Азија (на 21 февруари).

При разгледување на ЈуТјуб може да се најдат многу различни видеа од затемнувањето:

Од Белисе, корисникот басимпакт го има поставено следново видео со музика од флејтистот Пабло Коладо (Pablo Collado):

Од Аргентина, корисникот КрАинаготејбл го поставил ова видео со титлови, објаснувајќи го процесот и обликот од неговиот прозорец, а додадени се и неколку слики превземени од телевизија од различни делови на Аргентина.

Од Кејптаун во Јужна Африка, Фин Грегори има видео кое покажува како изгледало затемнувањето од таму:

Од Мексико, корисникот холатобаско поставил видео каде врева од улиците ја придружува речиси невидливата светлина од месечината која полека исчезнува.

Корисникот покео1 го поставил ова видео со слики од повеќе локации од светот вклучувајќи ги Америка, Канада, Чешка, Бразил и Германија.

Lunar Eclipse South America by henriquetyds

Слика: Затемнување на месечината во Јужна Америка од хенрикутудс

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.