Женскиот свет поседува половина од небото: Микс на поезија

За прославата за интернационалниот ден на жената, стипендист на Рајзинг Војсис и основач на Нари Џибон (Nari Jibon), Катрин Вард (Kathryn Ward), дојде до идеја за организирање на пријателско натпреварување во поезија, помеѓу блогерите на Рајзинг Војсис. На учесниците на десет граѓански медиумски проекти им беше дадено недела за да напишат и предадат нивна поема, поврзана со темата „женскиот свет поседува половина од небото.“

Беа предадени десет поеми од Колумбија, Бангладеш и Мадагаскар. Од тие десет, од страна на д-р Вард и нејзиниот поетски пријател, беа избрани три поеми кои ќе се користат во прославата на жените низ целиот свет.

normal_[CristinaQuisbert]Pacenina.jpg

“Paceñita / Кристина Кизберт

Приоритет

Од Суфиа-734 од Нари Џибон
(Оригинално напишана на бангла, преведено од Кази Рафикул Ислам)

Сега дојде времето
Да се бориме за тоа што ни е потребно
Не за еднаквост, тука за приоритет.
Исправено, гордо
Ние сакаме да ги отвориме нашите срца
Искажеме своето мислење
За тоа ни е потребно
Не еднаквост, туку приоритет.
Татковците може да бидат немилосрдни
Мајките не можат.
Тоа се жените
Ние не можеме да направиме се.
Борејќи се со тагата
Постигнувајќи среќа.
Нема повеќе да трпиме неправда
Нема повеќе да останеме во четирите ѕида.
Дојде времето да ги отвориме очите и ушите
Да се побуниме против неправедните дела.
За тоа ни е потребно
Не еднаквост, туку приоритет.

Жени од екипата за поправка на патиштата, Кетрин Вард, Џака, 2004.

Од Попоин од ФОКО од Тоамасина (Toamasina), Мадагаскар

Жените градат ѕидови
без нив постои само празнина
Даваат со срцето и душата
и со нив се постигнуваат добри нешта
Тие се силата на домот
На жените им нудиме слава и заслуга
Нивните достигнувања ќе останат засекогаш
За разлика од овенатите рози кои ги пречекоруваме
Богатство и пари ние не можеме да видиме
Далеку од тие воздишки ме оттргнуваат
Забранети се тие и тргнати се правата од нив
Но тие приговараат и покрај тоа
Цвеќињата цутат и постои светлина во ноќите.
Нека ние бидеме сонцето што свети
Носејќи среќа и радост
На оние што ги сакаме и почитуваме

Женското битие

Поема од Камила Уреа Моралес (Колумбија)

Преведено од: Каролина Велез Лопез од ХиперБарио.

Во почетокот, се уште непознат, се појави жената, битие креирано влакно по влакно од шеќерна репка, украсено со многу златни нишки како емоции, суштество кое се топи со секој збор кој распалува огин во неа, и тогаш се вкочанува, издигнувајќи го најјакиот ѕид, со оние кои пристигнуваат како санта мраз кон неа. Тогаш таа обвивка се појавува, повеќе од кожа, тоа е состав од емоции, пулсирања и вибрации. И тогаш се појави жената и со нејзе задоволството од работите направени со префинетост, која ја содржи само ова битие.

За крај, во посебна категорија, координаторот на проектот ФОКО во Мадагаскар, кој преферира да се претставува со псевдонимот СопакВ, ја предаде оваа поема.

„Кој маж би останал?“
-Не, но тој е оној кој замина
-Нема ли да замине
Ти си напуштена жена
Која не срами нас
Која ја срами својата фамилија
Погледни ја својата коса
Погледни го своето лице
Погледни го своето готвење
Погледни ја својата неодржувана куќа
Кој маж би останал?
-Го дадов најдоброто од себе
Ја потстрижав мојата косата, ја дотерав
Ставив парфимирана крема на моето лице
Секој ден ги подготвував моите најдобри јадења
Ја дотерав куќата
Но Икото и Икала
Сакаа лубов и грижа
Тој не ни забележа
Доаѓаше доцна секоја вечер
Пијан од жени и алкохол
Занемен од бес
Бидејќи нашиот живот не е добар
Нашите деца се однесуваат недостојно
Неговата жена е грда
И тој сака да ја претепа својата загуба
Бришејќи ја од моето лице и тело
Бришејќи ја секоја вечер без среќа
Минатиот пат дојдоа од одборот на соседи
И ми дадоа совет
Ти си жена
Откажи се
Истерај го до крај
Кога небото ќе се сруши врз тебе
И свештеникот наврати
Ја паметиш Викторија Росоаманариво, ми рече
Но јас не посакувам среќа во оној свет
Туку среќа за Икото и Икала е тоа што го посакувам
Ти мајко дојде дене и кажа
Тој е моја среќа
Насилството е моја судбина
Затворот моја пропаст
Бидејќи каде да одам јас
Жена без работа
Па мајко дозволи ми…
-Погледни ја својата коса
Погледни го своето лице
Погледни ја својата неодржувана куќа
Кој маж би останал

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.