Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Киргистан: Од Дедо Мраз манија до „Суботник“

Во последните две недели, од Киргистанската блогосфера се појавија неколку интересни статии, забавни и духовити коментари, како и весели фотографии од Првиот зимски фестивал на Дедо Мразовци во Киргистан. Фестивалот се одржуваше од 23 до 25 февруари и од една страна доби многу критики, а друга страна исмејување од киргистанските блогери.

Како на пример, брателка се прашува (ru):

Дали сите побудалеле? Не можам да поверувам дека е возможно да се зачуваат подароци за две милијарди деца во Киргистан. Сите ќе бидат украдени!

Фанчер сериозно размислува за идејата (ru):

Дечки, нели го гледате потенцијалот на оваа идеја? Прво, сите знаат дека Дедо Мраз не постои,. Дедо Мраз е познат глобален бренд. Ако оваа идеја стане многу популарна, тогаш ова ќе биде многу важен чекор нанапред за развојот на туризам во Киргистан (привлекувајќи повеќе туристи). Јас мислам дека оваа идеја е добра и реалистична.

Уште еден духовит коментар е оној на Атаман Ракин (eng):

Иииииккк!!! Долги бради.
Мора да се Вахаби.

Од ваков духовит почеток сега може да се префрлиме на пореални и посериозни теми кои го привлекоа вниманието на блогерите. Ана Јаловкива напиша на Kloop.kg дека градоначалникот на Бишкек, Данијар Усенов прогласил почеток на двомесечен „суботник“ помеѓу учениците и студентите. Зборот „суботник“ потекнува од рускиот збор „суббота“ (сабота) и означува општествена работа во која луѓето чистат улици, паркови, околина на училишта и други јавни институции.

Лејдимистери забележа (ru):

Воопшто не е лоша идеја. Ние секогаш ја чистевме околината на училиштата. Јас сакам да го видам мојот град многу чист, но за жал повеќе го загадуваме отколку што го чистиме.

Од друга страна, бранителот на човековите права, Максим Кулешов не се согласува со одлуката на Усенов и наведува дека е прекршување на детските права. Тој вели дека Советскиот Сојуз веќе не постои и децата не се во сопственост на градоначалникот. Тој исто така додаде дека заедно со неговиот тим ќе протестираат против канцеларијата на градоначалникот на Бишкек.

Мен се согласува со Кулешов (ru):

Градоначалникот нека го исчисти градот, а не децата од училиштата. Изгледа градоначалникот сака да изгради комунизам во Бишкек.

Зборувајќи за протести, сите се сеќаваат на „Револуцијата на лалињата“ во март 2005, кога поранешниот претседател Акаев мораше да ја напушти земјата. Сегашниот киргистански претседател Курманбек Бакиев и свежо избраниот парламент сакаат да направат подобрување на работните правила на Киргистан, правејќи го 24 март национален празник.

Психо се жали поради таквата одлука (ru):

Дали парламентот некогаш ќе почне со работа, правејќи нешто корисно? Поминаа два месеци и се уште не работат ништо.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.