Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Ел Салвадор: Ќе се снима документарен филм за жените од граѓанската војна

Кампања финансирана од симпатизери, наменета за Жените на војната, има за цел да ги прикаже приказните на жените кои беа дел од граѓанската војна во Ел Салвадор (1980-1992) и кои денес ги водат нивните заедници кон мир, еднаквост и правда.

Преку IndieGoGo, Лин МекКракен и Tеодора Симон собираат дел од финансиите потребни за Жените на војната, долгометражен документарен филм кој ќе прикаже приказни за 28 жени, објавување на книга со фотографии и одржување на изложба на фотографии во Ел Салвадор и САД. Засега, тие  имаат собрано 4,000$ од предвидените 12,000$ за нивната веб-страна и останува повеќе од еден месец за луѓето да донираат.

Во промотивното видео се прикажани неколку жени кои раскажуваат за тоа како преживеале и за нивната активна вклученост во граѓанската војна:

Блогот Voices on the Border пишуваше за проектот за документарниот филм, вклучувајќи делови од приказните кои ги раскажаа жените со свои зборови. Марија Јоланда Гарсија Вигил морала да го напушти својот дом и била сведок на измачувањето и убиството на членови на нејзиното семејство од страна на владините воени сили за време на граѓанската војна во 1970-тите и 1980-тите. Денес, таа работи како лидер во заедницата, работејќи со жени, како избран член на градскиот совет:

Сметам дека постигнавме доста за жените. Можеби постојат места каде што тоа не е така, но во нашата  заедница е. Тука, жените учествуваат. Активни се и денес постои поголема свест. Целта ни е да им дадеме овластување на жените и да се чувствуваат еднакви во работата и донесувањето одлуки. Сметам дека како заедница постигнавме доста.

Ние сме на страната на правдата и работиме за неа, но таа сè уште не се случила. Ја нема. Така што, мораме да продолжиме да се бориме. Тоа е нашиот предизвик. Мораме да ја зацврстиме нашата организација. Бидејќи, лага е дека работите се случуваат зашто така мора или затоа што важните луѓе сакаат да се случат. Народот е тој кој треба да се потруди.

На веб-страната Indie Go-Go делот за ажурирање новости, Теодора Симон пишува за важноста од завршувањето на овој проект и можноста да се сподели со народот на Ел Салвадор:

A través de un documental largo-metraje, exposiciones fotográficas en los EEUU y El Salvador, y un libro, queremos contar las historias inspiradoras de estas mujeres, y compartir su dedicación y esperanza con el mundo. Mujeres, especialmente mujeres pobres, de color y campesinas, no tienen donde hacer escuchar su voz, una manera de compartir sus experiencias y sabiduría con el mundo. Esperamos que Mujeres de la Guerra será esta oportunidad, y estamos comprometidas a compartir esta obra con audiencias estadounidenses y salvadoreñas con trabajo binacional y bilingüe.

Преку долгометражен документарен филм, изложба на фотографии во САД и Ел Салвадор и книга, сакаме да ги раскажеме инспиративните приказни на овие жени, да ја споделиме нивната посветеност и надеж со светот. Жените, особено сиромашните обоени жени од село, немаат каде да ги кажат своете мислења и да бидат слушнати, да ги споделат нивните искуства и мудрост со светот. Се надеваме дека Жените на војната ќе биде одлична можност за тоа и посветени сме на споделување на оваа работа со публиката во САД и Ел Салвадор со двонационална и двојазична работа.
Women of the War photograph by Lyn McCracken

Џени за Жените на војната. Фотографија од Лин МекКракен

Сите пари собрани за проектот ќе бидат наменети за реализирање на Жените на војната. Пари може да се донираат преку веб-страницата за собирање финансиски средства каде постојано се ажурираат новостите.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.