Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Индонезија: Треба ли џамиите да го намалат тонот на повикот за молитва?

Во својот говор за време на националниот конгрес на индонезискиот Oдбор на џамии минатата недела, заменик претседателот Боедионо предизвика дебата кога предложи џамиите да го намалат тонот на звучниците за време на дневната молитва.

Џамиите во Индонезја користат звучници за да емитуваат „езан“ (повик за молитва) пет пати на ден како потсетник за луѓето да се молат. Боедионо предупреди дека гласниот тон може да ги вознемири другите луѓе, вклучувајќи ги и другите муслимани. Тој додаде дека потивок повик за молитва би било поверојатно полесно да влезе во срцето на еден човек отколку гласни звуци.

Но, многу Индонезијци го посоветуваа Боендионо да говори за други, поважни проблеми. Блогерот happydsf, ја искажува својата загриженост:

Grand Mosque Al-Mashun. Photo from Flickr page of hophoptuing (CC BY-NC-ND 2.0).

Големата џамија Ал-Машун. Фото: Фликр страница на hophoptuing (CC BY-NC-ND 2.0).

Sungguh disayangkan, bahkan sepertinya negara ini ingin mengintimidasi kebebasan warga muslim, di negaranya sendiri, yang notabene juga di sebut negara dengan jumlah penduduk muslim yang mayoritas. masih banyak hal yang harus diselesaikan para wakil rakyat daripada harus mengurusi pengeras suara untuk panggilan sholat.

Штета е што оваа држава се обидува да ја заплаши слободата на религија на најнаселената муслиманска нација во светот. Има толку многу проблеми што треба да се решат отколку да се решава тонот на повикот за молитва.

Друг блогер, Tototapalnise, се обидува да ја разбере пораката на заменик претседателот:

Namun, kalau kita coba cermati dengan hati dan kepala dingin, perkataan wapres tersebut merupakan teguran halus buat kita kaum musliman dalam menjaga kualitas para muadzin sekaligus kualitas sound system di masjid-masjid….

…Lalu kenapa kita umat muslim harus memasang muka marah dengan ucapan tersebut dan langsung naik pitam? Apakah sedemikian reaktifkah umat muslim Indonesia yang merupakan mayoritas di negeri ini dengan sebuah kritikan atau masukan?

Ако внимателно размислиме, изјавата е лесен вид на предупредување до муслиманите да го одржат квалитетот на езанот како и на звучниот систем на џамиите…

…Па зошто треба да сме гневни на тоа и да го губиме трпението? Како религија на мнозинството во државата, зошто сме толку гневни кога сме критикувани?

Според Харис Ел Салман тонот на звучниците никогаш не бил  проблем во вистинскиот свет:

Bukankan selama ini tenggang rasa antar pemeluk agama masih dalam tahapan yang baik? Bahkan di daerah saya masih ada masjid dan gereja yang hanya dipisahkan oleh sebuah dinding, namun belum pernah saya melihat atau mendengar terjadi pertentangan antara jemaat masjid dan gereja ditempat tersebut, mereka akur-akur saja menjalankan ibadah masing-masing…

…Bukankah ini hanya akan menimbulkan perdebatan-perdebatan yang tidak esensial? Mungkin maksud beliau baik, tapi tidak pada tepatnya. Great idea in the wrong place?

Се уште имаме огромна толеранција меѓу различните религии. Во местото каде што живеам има џамија и црква одделени само со тенок ѕид, но никогаш не сум видел конфликт меѓу луѓето. Тие се сложуваат кога ги извршуваат своите религиски обичаи…

…Ова само би поттикнало незначајни караници. Неговата намера можеби е права, но не на правото место. Одлична идеја на погрешно место?

Измешани реакции имаше и на Твитер:

@fgaban: Dalam soal TOA, pernyataan Pak Boed itu otokritik bagus bagi Muslim Indonesia.

@fgaban: Во случајот со тонот на звучниците, изјавата на Боендионо е добра само-критика за индонезиските муслимани.

@anatriyana: Knp jd msalah? Selama ini kan adzan gak ganggu? RT @Yahoo_ID: Wakil Presiden Boediono meminta suara azan diatur supaya tdk trlalu kncang

@anatriyana: Зошто ова би требало да биде проблем? Езанот никогаш не вознемирувал.

@gitaputrid: Sayah senang Wapres Boediono ngomong soal TOA masjid u/azan; minimal ada nyali berani buka front versus suara mayoritas.

@gitaputrid: Се радувам што ВБ Боедионо  зборуваше за тонот на повикот за молитва. Конечно некој храбро започна дискусија против мислењето на мнозинството.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.