Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Куба: Каде е „слободата“ на медиумите?

Денес е Ден на слободата на медиумите – но во карибската блогосфера, мал дел од кубанските блогери се единствените кои зборуваат за тоа.

Notes from the Cuban Exile Quarter обезбедува позадина за самиот ден, објаснувајќи:

Обединетите Нациина 20 декември 1993, го прогласија 3 мај за Светски ден на слобода на медиумите со цел да се подигне свеста за важноста на слободните медиуми и да се потсети Владата за нивната должност да ги почитуваат и поддржуваат правата за слободно изразување признаени со Член 19 од Универзалната декларација за човекови права. Датумот 3 мај беше избран за да се одбележи годишнината од Декларацијаа на Виндхок, изјава за слободните принципи на медиумите во согласност со Африканските новинари на семинарот на УНЕСКО, „Промоција на независни и плуралистички африкански медиуми“, оддржана во Виндхок, Намбија, од 29 април до 3 мај 1991 година, која подоцна беше одобрена од Генералното заседание на УНЕСКО.

Коалицијата на кубанско-американските жени објави линк на својот блог до овој извештај од Комитетот за заштита на новинарите, којшто ја смета Куба за најцензурираните држави. Во подоцнежен напис, се обраќа внимание на кубанскиот блогер и независен новинар, Луис Фелипе Рохас, за кого се пишува во еден напис на Амнести Интернешнал.

Notes from the Cuban Exile Quarter исто така пишува за извештајот од Комитетот за заштита на новинари, велејќи:

Диктаторството во Куба го зазема деветтото место, но исто така најмалку три од четирите најлоши се блиски соработници со браќата на Кастро.

babalu, пак забележува дека:

340 политички мотивирани апсења во Куба биле документирани од независната кубанска агенција за известување CIHPRESS за време на месец април. Со ова се одредува целосниот број на сите политички апсења на островот документирани од оваа агенција кој изнесува 1,915 само оваа година. Ако се оди со оваа темпо, диктатурата на Кастро ќе доведе до 6.000 апсења до крајот на оваа година, со што бројот на апсења ќе биде двојно поголем од оние во 2011 година.

И како „здравица за слободата на Светскиот ден на слобода на медиумите“, Notes from the Exile Quarter објави видео во чест на сите затворени новинари и блоговите за некои кубански совесни затвореници:

Пред педесет години, на 28 мај 1961 година, поради двајца студенти од Португалија кои беа затворени на седум години поради здравица за слободата, беше формирана Амнести Интернешнал. Денес во Куба мажите и жените не смеат да зборуваат за слободата и да маршираат за тоа. Новинарите се малтретирани, приведувани и затворани бидејќи го користеле своето право за слобода на говорот, а еден од нив е Луис Фелипе Рохас. Другите се наоѓаат во „Hablemos Press“центарот за информации. Во нивна чест, на Светскиот ден на слобода на медиумите ова е… посветено за нив: Здравица за слободата.

Сликичката употребена за овој напис, „Напуштена слободата на медиумите“, е од  BlackburnMike_1, употребена со Криејтив Комонс лиценца (CC BY-NC-SA 2.0). Посети го BlackburnMike_1 на Фликр.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.