Претседателските избори за 2012 година во Франција, десеттите по ред претседателски избори во Петтата Република ја донесоа конечната одлука на 6-ти мај 2012. Кандидатот од Социјалистичката партија Франсоа Оланд доби 51,90% од гласовите, наспроти оние 48,10% на претходниот претседател Никола Саркози во вториот круг на гласање. По претседателските избори, следуваат и парламентарните избори на 10-ти и 17-ти јуни.
Во исчекување на резултатите
Поддржувачите на Никола Саркози во Париз се собраа во салата во зградате Ла Мутуалите, а потоа се преместија во палатата Де ла Конкорд (каде што средбата беше откажана во последен момент). Ова е слика од салата во Ла Мутуалите во 7 часот попладне:
Поддржувачите на Франсоа Оланд се собраа на улицата Солферино, пред собирот на плоштадот Бастилја во случај на победа.
Градот Тул каде што Франсоа Оланд беше градоначалник, нестрпливо ги чекаше резултатите:
Прогласување на резултатите
Ембаргото во Франција за споделување на резултатите пред 8 ч. попладне ги натера интернет корисниците да смислат неколку трикови за да ги дискуираат предвидувањата објавени на странските медиуми. На Твитер, оние кои го користеа хаштагот #radiolondres, беа единствени со својата уникатност.

Хаштагот #radiolondres на Твитер
Радост и тага
По објавувањето на резултатите, многу активисти прославија:
Разочарувањето можеше да се забележи во кампот на минатиот претседател:
Пред плоштадот Ла Мутуалите, владееше лоша атмосфера за време на објавувањето на резултатите:
Кампањските говори на секој од кандидатите можат да се најдат на нивните веб-страници: (Франсоа Оланд and Никола Саркози).