Откако беа притиснати од конзервативните политичари и тврдокорни групи, кои ја етикетираа Лејди Гага како обожавател на ѓаволот, индонезиската полиција објави дека нема да издаде дозвола за долгоочекуваниот концерт на Лејди Гага во Џакарта, оставајќи повеќе од 50,000 фанови разочарани.
@HeyPotterhead: Подобро да не го откажете концертот на Лејди Гага. Јас не чекав во ред 8 часа за џабе! Глупав ФПИ #IndonesiaSavesGaga #BTWBallGBK
ФПИ или Фронт за одбрана на Исламот е влијателна религиозна група, која често се бори против „анти-исламистички“ идеи и активности. Во овој случај, тие ја обвинија Лејди Гага за корумпирање на моралот на младите Индонезијци.
Фановите на Лејди Гага, кои беа наречени „мали чудовишта“, ја критикуваа одлуката на владата:
@ginaignasia: Apa hak nya. Gue yang nabung&cari calo susah2, nyekal2 seenaknya. #IndonesiaSavesGaga #GagaIsAmazing #monsterpower #BurnFPIdown
@akibaryou: Спасете ја мајката на чудовиштата! Спасете ја слободата на изразување! Откажувањето на концертот е доказ за тоа како нашата држава го изгуби својот приоритет. #IndonesiaSavesGaga!
@Ray_owl: ФПИ меѓународно ја срами Индонезија! #IndonesiaSavesGaga RT @lanaaisya: ФПИ се однесува како лицемер. #saveladygaga
@NickyYuventius: Yang bikin gue bingung adalah polisi yg beralasan gaga itu porno. APA KABAR KONSER DANGDUT? PREEEET!
Дангдут, индиска влијателна фолк музика, е многу популарна во Индонезија. Движењата на изведувачите често се сексуални и еротски.
Истовремено, Советот на Христијанската Индонезиска Црква (ПГИ) го поддржа концертот велејќи дека е дел од слободата на изразување на државата.
Не сите политичари велат дека изведбата на Лејди Гага е страшна. Пратеникот Ахмад Басарах, кој е муслиман, за весникот The Jakarta Globe изјави дека националната полиција треба да биде праведна кога станува збор за заштита на вредностите на нацијата, без разлика дали тоа се против либерално-капиталистички идеи или пак идеологии од Блискиот Исток.
Еве уште неколку реакции на Твитер:
@danielvk: Религиозната мафија манипулира со демократијата и им ја одзема слободата на луѓето. Не толерирајте нетолеранција! #saynotohate #indonesiasavesgaga
@DanielZiv: Не се работи за тоа Индонезија да ја спаси Гага, туку дали Гага ќе успее да ја спаси Индонезија. И навистина Индонезија треба да се спаси самата себе од вакви екстремистички бесмислици, со или без Гага.