Смешни веб реакции за колапсот на Фејсбук

Фејсбук е најголемата светска општествена мрежа, со повеќе од 500 милиони корисници. На 23ти септември 2010 веб страната беше привремено недостапна поради технички проблеми. Неколку шеги за колапсот на Фејсбук набрзо почнаа да кружат на Твитер, проследени со стотици коментари од многумина. Неколку од нив следат подолу:

Facebook outage

Фотографија од TWITTERWHALE на Twitpic

@liammalone:

Додека Фејсбук не работи, Твитер ќе го надмине капацитетот, (а Мајспејс и понатаму не се користи) некои Американци конечно ќе си ги запознаат соседите.

@Lord_Voldemort7:

Го исклучив Фејсбук. Тоа ќе ја подучи општествената мрежа да не ми го краде вниманието од трејлерот за „Deathly Hallows“. Така ти е, Зукерберг

@MTVClutch:

Фејсбук е затворен. Не можеме да дознаеме кој е гладен, а кој уморен.

@AyyddG:

Ми се допаѓа начинот Фејсбук да мора да го искористи Твитер за да им каже на сите зошто не работи.

@MetsMerized:

Фејсбук е затворен! Производството на вработените ракетно се зголемува, објавени штрајкувања во големите градови, САД излегуваат од 6-годишната рецесија

@danicrino:

DNS FAILURE: Фејсбук е затворен што значи по 9 месеци од сега, повторно ќе се раѓаат деца.

@alqaeda:

Фејсбук е затворен. Не сум сигурен дали тоа го направивме ние, но во секој случај треба да си бараме награда. Удирајќи ги неверниците каде најмногу боли, итн

@Facebook ги објави следниве новости на Твитер за време и по колапсот:

Се извинуваме за денешниот колапс. Прочитајте за техничките детали за тоа што и како се случи и како го поправивме: http://ow.ly/2J5dA

Ги поправивме техничките проблеми кои предизвикаа непристапност кон мрежата за некои луѓе. Во овој момент секој би требало да има пристап.

Можно е Фејсбук да биде бавен и непристапен за некои луѓе поради овие проблеми. Работиме за тоа да го промениме што побрзо.

Оттогаш Фејсбук се извини за колапсот :

Рано денеска Фејсбук беше затворен или непристапен за многумина во времетраење од 2,5 часа. Ова беше најлошиот колапс кој сме го искусиле во повеќе од четири години, па најпрво сакаме да се извиниме. Исто така сакаме да доставиме повеќе технички детали за тоа што се случи и да споделиме една нова научена лекција.

Клучната маана што го предизвика овој сериозен колапс беше неуспешното справување со состојбите кога настануваат грешките. Автоматскиот систем за утврдување на конфигурацијата предизвика повеќе штета отколку што поправи…

Некои читатели на Mashable сочувствуваат со Фејсбук, во врска со колапсот:

Во коментар, fpd напиша:

Никогаш не го сфаќам јавниот гнев кога нешто вакво ќе се случи. Тоа е интернетот, ниту еден сајт не е безбеден од ваквиот тип на проблеми. Овие сајтови се полни со кодови и бесмислено е да се очекува 100% беспрекорност. Тоа му се случи на Гугл со Г-мејл, се случува со Твитер постојано, веројатно неодамна се случило и на Јаху! или Бинг исто така и никој не ни забележал. Ако искрено сте толку зависни од овие сајтови, па ако нешто им се случи вие сте во неволја, треба да си имате план Б.

Sakima Oak надополни од нејзина гледна точка:

Секој веб-сајт искусува проблеми, но веб-сајт голем како Фејсбук да биде разрешен и повторно активен за помалку од 4 часа е навистина неверојатно.
Како што Neale спомена, вообичаен систем базиран на ПХП основа и не можам да се сетам на друг веб-сајт што се споредува. Одлична работа сте завршиле Фејсбук техничари 😉

Ќе завршам со ова смешно согледување на JayNerd:

Системот на Фејсбук паѓа еднаш на секои четири години.
Системот на Твитер сè уште паѓа на секои четири часа.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.