Тајван: На кого му треба основач?

Д-р Сан Јат-сен

Дали д-р Сан Јат-сен го заслужува прекарот „Основач на Република Кина“? Дали е тој навистина беспрекорен идеалистички политички водач и херој кој стои зад револуцијата што ја совлада династијата Чинг? Како позната историска икона на териториите на Кина и РК (Тајван), митот за д-р Сан беше критички анализиран во Тајван, каде населението повеќе не се идентификува како „кинеско“. На подготовките околу стогодишнината од Република Кина беше претставен документарен проект за животот на Сан Јан-сен кој ја испровоцира контроверзноста, воедно во конвенционалните и онлајн медиуми.

Тајван-Република Кина- ќе ја прослави својата стогодишнина во 2011, а тајванската влада постави „Фондација за стогодишнината на Република Кина (Тајван)“ ексклузивно за подготовките на повеќе бројни активности и промоции. Главната церемонијална прослава и марш ќе се одржат заедно со многу други настани, натпревари и промоција на медиуми насекаде во Тајван, а документарецот за биографијата на д-р Сан Јат-сен е исто така дел од ова. Овој документарен проект од 20 милиони NT долари (627,000 американски долари) е спонзориран од Советот на културата, а ќе биде изнесен од Фондацијата за стогодишна Република Кина (Тајван).

Контроверзноста започна кога Чоу Јанг-Шан (周陽山), поранешен законодавец во законодавството во Јуан, а сега и член на советот за контрола во Јуан, и Ху Фу (胡佛), политички стручњак и член на советот во Академијата Синика, напиша јавно писмо [zht] со што го предупреди Советот за култура и тимовите задолжени за продукција на овој документарен проект да „продолжат со претпазливоста и внимателно да ги опишуваат историските настани“ откако Пинг Лу (平路), писател и советник за овој документарец, кажа дека Сан бил личност на која „дури и Владимир Ленин би и се потсмевал како наивна и невина.“

Пинг Лу беше критикуван како „бесрамен и дрзок“ од страна на Чоу, кој исто така тврдеше дека истражува низ историските факти во документарецот користејќи го правото како член на Советот за контрола во Јуан. На 18ти август воведната статија од Тајпеи Тајмс го нарече делото на Чоу како огромна закана на слободата за говор.

Секако, историјата е особено полна со контроверзности кога личниот идентитет е настрана од „службената историја“. Обидите на Blackjack да ги разликува РК (Кина) и РК (Тајван) го поништува Сан Јан-сен како татко-основач на „РК (Тајван)“. За него, режимот на РК (Кина) има завршено пред 60 години под раководство на Чјианг Кај-шек:

現在的「國父孫中山爭議」我認為「言不正名不順」,中華民國在台灣的「國父」應該是蔣介石,「戒嚴總統」蔣介石則是類似「洪憲帝制」的袁世凱。中華民國在中國早已「百年」,中華民國在中國是死於1949蔣介石之手,中華民國在台灣則是從蔣皇介石開始。

„Дебатата за тоа дека Сан Јен-сен е таткото-основач“ е погрешна уште на почетокот. Таткото-основач на РК (Тајван) треба да биде Чијанг Кај-Шек. Чијанг Кај-Шек „претседателот на воената диктатура“ бил сличен на Јуан Шикаи „големиот владетел на Хонџијан (洪憲)“.Чијанг Кај -Шек стави крај на режимот на РК (Кина) во 1949. РК (Тајван) настана кога Чијанг Кај-Шек стана новиот владетел .

Чинг Хунг Лин посочи дека контроверзноста е израз на комплексот меѓу Кина и Тајван:

國父建立中華民國時,台灣仍被日本統治,當國父奉安於南京中山陵,台灣依舊還在日本的殖民統治勢力下,對國父來說,從生到死,台灣從未是中華民國的一部分,至少在國父建構的中華民國下,台灣對於國父來說,是否只是當作日本的統治地?國父可曾想過把台灣從日本人手中收歸中華民國統治呢?

Кога Сан ја воспостави Република Кина, Тајван сè уште беше под јапонска власт. Кога се изгради мавзолејот на Сан Јен-сан, Тајван сè уште беше јапонска колонија. За време на животот на д-р Сан, Тајван никогаш не бил дел од Република Кина, барем не од онаа РК основана од д-р Сан. Дали воопшто д-р Сан некогаш го сметал Тајван како дел од Кина? Или пак секогаш бил поседуван од Јапонија? Дали д-р Сан некогаш помислил да го поврати Тајван во РК од Јапонија?

對國父這位偉人的冷熱反映與親疏感覺,可以判斷台灣人有多少中國情結,對於自己身為中國人有多少認同,在台灣土地上的任何一個人都可以捫心問問自己,到底我對國父有多熟悉?究竟這位開國元勳在個人印象中有多重要?還是,最後我們只剩下百元紙鈔上的共同印象?

Различниот степен на поврзаност кон д-р Сан -големиот херој – ја означува длабочината на комплексот во Кина – колку од нив се идентификуваат како „Кинези“-помеѓу Тајванците. Секој што живее на оваа земја може да си ги постави следниве прашања: колку добро го познавам д-р Сан? Дали оваа државна личност навистина ми значи? Или тој е само лик на нашата банкнота од 100 тајвански долари?

Самхаи верува дека Чоу е самоодбранбен:

我就說吧,周陽山這三研所出身的人,正是不自覺的在「自衛」。
因為,這一開拍,粉可能會把他們苦心經營百年的「神」給毀了。
讓這些人跳腳的「不合的史實」,才正是史實。嘿嘿。

Јас велам, Чоу Јанг-Шан, кој беше од институтот на доктрината Сан-мин, ги “брани” без многу свест.
Бидејќи, откако веќе започна продукцијата за овој документарец, “богот” кој беше макотрпно изграден низ претходниот век, многу можно е да биде уништен.
“Отстапувачките историски факти” кои ги возбудуваат овие луѓе се вистинските историски факти, хаха.

不說孫先生的私德部分。
就說公領域的部分吧。
中華民國建國後(或者說大清帝退位後),有幾強國「承認」這個新政權??
沒啥大國要鳥孫中山,這是史實。

Најпрво, ајде да го ставиме настрана приватниот живот на Сан.
Ајде да се фокусираме на неговото јавно лице.
По воспоставувањето на Република Кина (или откако последниот владетел од династијата Чинг се повлече), колку светски сили го „признаа“ овој нов режим на владеење?
Никој не обрнува внимание на Сан Јат-сен и ова е факт.

順便再一提,孫家後代,幾乎可說都是「外國人」,應該也沒人在台灣。
不管國民黨是不是流亡政權啦,
講白些,姓孫的都不要中華民國了,為啥我們不能不要啊??

Уште една работа: повеќето потомци на Сан сега се „странци“и најверојатно никој не е останат во Тајван.
Да ја ставиме настрана дебатата околу тоа дали Куоминтанг е владејачка партија во прогонство или не.
Да зборуваме отворено, ако потомците на Сан самите тие не ја сакаат РК, зошто да не можеме целосно да ја исфрлиме?

Плимата копа подлабоко во историјата и предлага дека митот за Сан е свесна замисла од страна на Сан и луѓето по него:

孫文倒袁的二次革命失敗流亡日本後,將革命失敗歸咎於同志思想不純、不思團結,他在東京成立中華革命黨,強調對領袖個人完全效忠,入黨誓文如下:
………………..
一、實行宗旨;二、服從命令;三、盡忠職務;四、嚴守秘密:五、誓共生死。從茲永守此約,至死不渝。如有二心,甘受極刑。

По неуспехот на втората револуција против Јуан Шикаи, Сан бил протеран во Јапонија и неуспехот го пропишувал на расипаната идеологија на неговите колеги и недостатокот на солидарност. Тој потоа ја создал Кинеската револуционерна партија во Токио, барајќи целосна лојалност кон водачот. Заклетвата за придружување кон партијата била следнава:
—————-
1. Изврши го начелото; 2. Исполнувај наредби; 3. Почитувај ја својата одговорност; 4. Чувај тајни; 5. Живеј и умри заедно; Отсега па натаму , ќе ја почитува мојата заклетва до смртта. Во спротивно, ќе ја прифатам конечната казна.

這根本就是黑道歃血為盟,除了這種仿照傳統封建會黨的組織形式,還包括了「凡中國同胞皆有進本黨之權利義務」「凡於革命軍未起義之前進黨者,名為首義黨員……革命成功之日,首義黨員悉隸為元勳公民,得一切參政、執政之優先權利……凡非黨員在革命時期之內不得有公民資格。」連臨時約法中「中華民國人民,一律平等」的原則都完全拋棄,卻仍能妄稱護法。

Ова е исто како и член на тројното општество кој пие крв за здружението. И покрај ваквата организација која следи традиционална феудалистичка солидарност, заклетвата вклучувала и „Секој Кинез има право и одговорност да се придружи кон партијата“, „доколку се приклучиш кон револуционерната војска пред востанието, ќе бидеш овластен како почесен член од прв ред…на денот на победата, почесните членови од прв ред ќе бидат регистрирани како граѓани – основачи кои ќе ги уживаат сите привилегии на политички права……оние кои не се членови нема да имаат граѓански права за време на револуцијата“. Оваа заклетва целосно го побива принципот на „Сите луѓе на република Кина се еднакви“ објавен во привремениот устав, но тој сепак тврдел дека „го заштитил уставот“.

Јутиен смета дека Чоу само ја повторува старата позиција и убедувања на Куоминтанг, додека публиката всушност очекува нешто друго:

問題是:觀眾可能並不想建立什麼客觀、真實的認識。現在是理想主義低潮已極的年代,人可能根本對此冷感,只預期相關論爭會再次流於打爛仗,以印證我對政治的鄙視;也可能自始便是為了踩國民黨、批台獨、反共或抬高文藝、貶抑政治等等好惡,來期待此民國百年紀錄片相關議題給我作註腳或批判材料。而能如學者所欲,詳細切實地看待孫文及歷史的人,已能自去多方閱覽,不必再等一篇文章、一部片給他啟蒙;另外,許多對意識形態已具免疫力的觀眾,也未必想追究國民黨的功過是非及民主政治的前途,而或更樂意探討孫文的情史、八卦以娛浮生。

Прашањето гласи: публиката можеби не сака да изгради никакво постоечко знаење (за Сан). Ова е ера кога идеализмот е на својот најнизок праг и луѓето се најверојатно незаинтересирани во врска со ова прашање. Тие само претпоставуваат дека дебатата ќе се претвори во една нова валкана борба и повторно ќе се докаже нивниот презир кон политиката; тие исто така може да очекуваат дека овој стогодишен документарец за РК ќе стане фуснота или извор за да се гази на Куоминтанг, да се критикува тајванската независност и да се напаѓа комунистичката партија. Да се поткрепува културата и уметноста додека се омаловажува политиката. Луѓето кои сериозно си ја сфаќаат историјата и Сан можат да си направат своја листа за читање од повеќе извори и не мора да чекаат да бидат просветлени од некој текст или филм. Всушност, многу луѓе се веќе имуни на идеологии и можеби не сакаат да ги истражуваат заслугите и незаслугите на Куоминтанг или идните и демократски политики. Наместо, тие можеби се позаинтересирани да истражуваат за љубовниот живот на Сан и да оговараат за занимација.

明乎此,再追問:半生流亡的孫中山,為何能讓那許多女子獻身?又為何能吸引那許多志士追隨?不乏疏漏的《三民主義》又為何得過許多人傾心信奉?循著「女人─革命─讀書」的線索,探究相關論著後,我們或許會發現:孫中山的確浪漫、天真且多空想,真誠、博愛卻又剛愎。但也惟因如此,他敢想、敢做、敢隻手為全中國擘畫未來,敢不顧一切娶朋友之女,敢大張旗鼓爭取到革命大義名分的最高位,將各路黨人包攬到自己的主義光環之下,摒斥異己而無愧。

Сега кога ги знаеме очекувањата на публиката, прашањата се следниве: Како успеал Сан да заведе толку многу жени кога речиси половината од својот живот го минал во прогонство? Како успеал да привлече толку многу мажи кои биле желни да го следат? Како е можно во доктрината на Сан-мин која содржела толку многу грешки да било слепо верувано од толку многу следбеници? Додека трагаме по откритието на „Жени–Револуција—Наука“ и истражуваме поврзани есеи, може да откриеме дека: Сан Јат-сен бил навистина романтичен, наивен, идеалистичен, искрен, милосрден и слаткоречив. Поради тоа, тој се осмелувал да мисли, да прави, да нацрта иднина за Кина со своите раце, да се ожени со ќерката на својот пријател без размислување, гневно да се бори за најјаката титула во револуцијата, да вклучи членови од различна партија и потекло во аурата на неговата доктрина и да ги дискриминира другите без ни малку грижа на совест.

如今,我們知道了這種性格的危險,看到了許多革命者得勢後的變質,更明白衝動不能解決問題、政治沒有簡單的解藥;但尚對政治與社會懷抱理想的青年,也就輒被質疑其品性、挑剔其知識,乃至連跨出一小步的自信也沒有了。對此,國父孫中山能給予今日青年久蟄之心的興奮,自然不是他被神化又被丑化的主義與事功,而當是其縱使全世界都冷眼嘲諷,仍敢一意幹到底的熱血精神。

Во денешно време, ние ја знаеме опасноста од таквиот карактер, видовме колку многу револуционери се сменија откако стапија на власт, па така сфаќаме дека импулсот не решава проблеми и дека политиката нема еликсир. Но, за младите луѓе кои сè уште ги штитат идеалите на политиката и општеството, а нивните карактеристики се често неверни и знаењето им е критикувано, нивната самодоверба да го заземат првиот чекор, исчезнува. Во овој случај, Сан Јат-сен таткото-основач може да им даде енергија на денешните цинични млади луѓе. Не поради неговата митологизирана па потоа изгазена доктрина и придонеси, туку поради неговиот цврст и енергичен дух кој секогаш одел до крајот иако светот му враќал со потсмев, презир и подбив.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.