По значајните трошоци за учество на Евровизијата и одржувањето на годишниот фестивал на цвеќето, богатиот со нафта Азербејџан продолжува да го изненадува светот. На пример, мината недела, највисокото знаме во светот беше подигнато во главниот град Баку.
Според новинските извештаи и потврдено од Гинисовата книга на рекорди, знамето стои на стап кој е 162 метра висок и со димензии 70 наспрема 35 метра. Целата структура тежи 220 тона со неверојатни 350 кг. тежина само на знамето.
Проектот е развиен од американската фирма, Тридент супорт, а спроведен од азербејџанската компанија Азенко.
Сепак, додека големите новински агенции, како што се Би-би-си ј Еуроњуз, кои ја пренесуваа инаугурацијата на повеќе милионскиот проект, судбината која го достигна знамето не беше многу распространета. Дури и највисокото знаме на светот, победувајќи го претходниот носител на рекордот Северна Кореја, не беше способно да му се спротивстави на силниот ветер во Баку.
Бајрак Ендрим
Прикачено од согонбас. – Погледнете други слични видеа
Настанот беше коментиран од корисниците на YouTube, DailyMotion, Facebook. Еден од нив бешеd'Effektiv кој објави видео запис од знамето два дена откако беше подигнато и оштетено, саркастично но заменетото знаме го снајде истата судбина.
Gecə güclü küləyin təsirindən şappıldayan bayrağın səsinə bir neçə dəfə oyanıb baxdım bayrağa. Yaxşı görünürdü Bakı küləyində dalğalanan bayraq.
Hələ bayraq rəsmi olaraq ucaldılmazdan əvvəl dəfələrlə məşq prosesinə baxmışdım və fikirləşirdim ki, görəsən bu böyüklükdə bayrağı Bakının küləyində saxlayacaq dirəyin mühəndislik işi hansı səviyyədədir.
[…]
Amma səhər işə tərəf addımlayarkən yarıya endirilmiş bayrağı artıq deşilmiş və ətəyinin cırılmış olduğunu gördüm. Bəlkə də bu normal hal olardı(dır) əgər bayraq 3 ilə, bir xeyli insanın yaşayış və iş yeri bahasına, bu qədər səs-küylü açılış və reklam, bir topa da pul bahasına başa gəlməsəydi. Çünki yanından keçdiyim insanlar bayrağa baxıb pıçıldaşır, başlarını bulayır, ciddi nəzərlə bunu müzkirə edirdilər. İşə gəldim və email zənciri də bundan bəhs edirdi. Müharibənin başlama xəbəri, zəlzələ, ADNA-da terror zamanı da ətrafımdakı insanlar təxminən eyni reaksiyanı vermişdilər. Bilmirəm niyə… Amma təəssüflənənlər az idi. Bilirəm niyə…
[…]
Elə bilməyin ki, bu fövqəladə vəziyyət nəzərə alınmamışdı və yedək bayraq nəzərdə tutulmamışdı. Tutulmuşdu, amma bir “balaca” hesablama səhvi ilə. İkinci bayraq da elə qaldırmamışdan cırıldı. Özü də birincidən daha faciəvi vəziyyətdə.
Често се будам од звуците на завиореното знаме поради силниот ветер. Можете јасно да видете како се вее.
Ја гледав пробата, која му претходеше на инаугурацијата на знамето и се зачудив колку издржлива треба да биде градбата на столбот за знамето за да го задржи силниот ветер во Баку.
[…]
Сепак, како што одев на работа го видов знамето на половина јарбол, растргнато и со дупки. Можеби тоа ќе беше нормално доколку знамето не кошташе тригодишна потрошувачка на луѓето и доколку надуената церемонија и промоцијата не ги кошташе еден грст пари. Луѓето кои поминуваа крај мене, исто тако гледаа во знамето и шепотеа, вртејќи ги нивните глави во знак на негодување и дискутирајќи многу сериозно за ова. На ова луѓето реагираа на истиот начин на кој би реагирале за почеток на војна, земјотрес или терор во нафтената академија. Не знам зошто но имаше и неколкумина на кои им беше криво. Всушност, не знам зошто…
Не мислиш дека ова вонредна потреба и замена на знамето не беа предвидени? Беше предвидено, но со еден „мал“ пропуст. Второто знаме исто така беше растргнато, дури и потрагично од првото.
Yedek bayragi qaldirma cehdi
Објавено од soganbas.
Друг азербејџански блог за сатирична политика, Əqrəb blog [АЗ], исто така објави слики и напиша за знамето во неколку објави, велејќи дека цената не беше оправдана само за да се види дека ќе биде растргнато, оштетено и симнато два дена подоцна.
Dünən 2 şəhidin dəfn günü Bakıda “Bayraq meydanı”nda uzundraz və 30 milyon nuş edən bayrağın açılışı oldu. Bu gün isə Bakı küləyi bu haqsızlıqlara dözməyib Bayrağımızı nuş etdi.
Видео записите од оштетеното знаме беа повторно објавени на Фејсбук и реакцијата на многу млади Азербејџанци беше негативна. Навистина, во период од три дена по оштетата, многу статуси на Фејсбук беа само за тоа.
Некои шпекулираат дека знамето беше специјално издигнато пред посетата на рускиот претседател Медведев на Баку со намера да се покаже економската моќ на Азербејџан пред Русија.
Други сметаат дека беше погрешно настанот да се одржи пред парламентарните избори закажани за почетокот на ноември.
Иако имаше и луѓе кои се чувствуваа гордо, сепак повеќето беа иритирани за прекумерното трошење за знамето, особено што минималната месечна плата беше недоволно зголемена само неколку дена порано.
Сега e 85 манати (валута во Азербејџан) (околу 82 евра).